СТРАШНО ВИДЕО СЕ ПОЈАВИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: „Железара“ ги труе скопјани во сред лето, никој не реагира!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сопјани никако да се изборат за своето елементарно право на чист воздух. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа чад и екстремно загадување од комплексот Железарница, сред бел ден.

Иако, наводно се воведени сите „зелени“ стандарди за дозволите за работа на индустриските капацитети лоцирани во некогашната „Железарница“, тоа сепак не изгледа воопшто убедувачки за илјадници жители од Автокоманда, Железара, Гази Баба, Бутел, Чаир, Скопје Север….

Граѓаните револтирано ги повикуваат надлежните институции да го спречат загадувањето на воздухот, што со години наназад е главен проблем со којшто се загрозува здравјето на скопјани.

Партијата ДОМ денеска реагираше на загадувањето во Гази Баба, обвинувајќи ги инспекторите кои не преземаат ништо, како да се на групен одмор.

ДОМ јавно ги повикува инспекторатите за животна средина на државно, градско и општинско ниво, да излезат ИТНО на терен и да утврдат кој или кои стопански субјекти и поединци ја трујат општина Гази Баба! Треба да следи казна според закон и моментално запирање на загадувањето на воздухот. Ова ургентно го бараат граѓаните на оваа скопска населба, кои алармираа по драматично покачените вредности на ПМ10 честичките дури до 400 единици!

Мора да се делува брзо и ефикасно, независно дали се работи за големи или мали стопански загадувачи, дали се работи за индивидуално палење пластика или други загадувачки материјали.

Недозволиво е Гази Баба да се труе, а инспекторите никаде да ги нема, небаре се сите на групен одмор?!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This