Застрашувачко видео на кое се гледа самоубиството на 12-годишната девојка се шири на Интернет, а полицијата нема начин да ги убеди сопствениците на порталите да го симнат од интернет!
Кетлин го пренесувала своето самоубиство во живо на Фејсбук на што предходела објава дека ја силувал член на нејзиното семејство, но не навела кој!
Камерата снимала околу 20 минути а на снимката се гледа како Кетлин се обесила на дрво во дворот на семејната куќа.
Кетлин ја користела опцијата ,,Фејсбук лајф“, видеото подоцна е избришано од социјалната мрежа, но е поставено на многу други сајтови.
Полицијата соопштила дека нема законски основ да бара од сајтовите да го симнат.
Покрај тоа што видеото ги вознемирува членовите на семејството на самоубиеното 12-годишно девојче, уште поголем проблем е што може да потикне желба кај други за самоубиство, посебно кај тинејџерите.