СТРЕЛАН ФУНКЦИОНЕР ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА: Заспал на состанок

Поврзано

- Advertisement -

- Advertisement -

Северна Кореја го погуби заменикот на министерот за образование затоа што покажал непочитување, односно заспал за време на состанокот со кој претседавал лидерот Ким Јонг Ун, а уште два функционери се испратени на „превоспитување“, соопштија властите.

kim-jong-un

-Потпретседателот на владата задолжен за образование Ри Јонг Џин е погубен. Ри е стрелан како антипартиски и антиреволуционерен агитатор. Ким Јонг Џин е осуден бидејќи зазел лоша поза додека седел пред говорницата на седницата на севернокорејскиот парламент поради што покрената е истрага во којашто се откриени и други кривични дела, се вели во соопштението за новинари.

Во соопштението се наведува дека заменик премиерот го предизвикал гневот на претседателот Ким Јонг Ун бидејќи задремал за време на состанокот поради што е уапсен на лице место и приведен на интензивно испитување во Министерството за државна безбедност.

Од преземањето на власта по смртта на својот татко во 2011 година, Ким погубил или сменил голем број на високи функционери со цел, како што велат аналитичарите, зацврстување на својата моќ.

Јужнокорејската новинска агенција наведува дека за време на мандатот на Ким погубени се повеќе од 100 функционери. Според јужнокорејските медиуми поранешниот министер за земјоделие Хванг Мин е исто така осуден на смрт и убиен на воената академија во Пјонгјанг, пишува Daily Mail.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This