СКОПЈАНЕЦ МУ УКРАЛ АВТОМОБИЛ НА ОХРИЃАНЕЦ: Oткако му го препишал автомобилот на нотар, на сметка добил пари за едно тркало

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Охриѓанец остана без својот автомобил откако бил измамен од стружанецот (Ф.К) кој се понудил како купец на неговиот “Passat”.

Oткако  проценил  дека скопјанецот (Ф.К) е сериозен во својата намера да го купи автомобилот, вчера тој дошол во Охрид и на оштетениот му оставил 100 евра капар, а воедно и се догвориле дека денеска во 15 часот тој поврорно ќе дојде во Охрид и ќе му ја плати целата сума. Договорот важел но само до моментот додека бил во корист на скопјанецот (Ф.К).

Имено, тој дошол во 15 часот во Охрид и заедно со сопственикот на автомобилот заминале на нотар, каде му е префрлен автомобилот и го информирал сега оштетениот дека парите веќе му се префрлени на сметка.

Сумата за која што се договориле била 5200 евра, а кога оштетениот ја проверил сметката на неа имало само 600 евра.

Охриѓанецот останал без автомобил но и без пари, кога сфатил дека е измамен се обидел да го добие на телефонскиот број на кој што предходно комуницирале, но тогаш сфатил дека измамникот (Ф.К) го блокирал и дека неможе да воспостави контакт со него.

Случајот е пријавен во полицја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This