Стружаните бoлни од koвид-19 ум иpaaт многу почесто од останатите во земјата, нема одговор зошто

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изразено во проценти, леталитетот во Струга е 12% или на секои 100 заболени од ковид-19 умираат 12 пациенти. За разлика од Струга, на подрачјето на Скопје умираат многу пониски 4 од 100 заболени со ковид-19
Од 26 февруари кога официјално беше потврден првиот случај на ковид-19 во Македонија досега починаа 351 лице. Битката со болеста последни ја загубија пациент од Куманово, две лица од Скопје и двајца жители на Тетово, пишува порталот 360.

Според последните податоците на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, најголем број од починатите се жители од Скопје – 139 лица.

Но, тоа што во Скопје има најмногу смртни случаи не значи и дека вирусот бил најопасен во главниот град.

Леталитетот од ковид-19 во Македонија во рамките на светскиот просек

Леталитет е термин што го употребуваат здравствените работници кога објаснуваат колку лица кои заболеле од одредена болест на крајот умираат од неа. Кога е во прашање ковид-19 во Македонија, леталитетот изнесува 4,8%. Или, дека од 100 лица кои ќе се заразат од новиот коронавирус 5 нема нема да ја преживеат болеста.

Со тие бројки Македонија е блиску до светскиот просек.

Мапата подолу, која е изработена од „Our world in data” а зад која стои тим научници од различни области кои ги спојуваат студии во Оксфорд, е интерактивна. На неа може да се „исклучат“ или „вклучат“ и други земји за да се спореди како стои Македонија споредена со нив.

Но, доколку леталитетот во земјава се пресмета поединечно по подрачја како што се покриени од Центрите за јавно здравје, се добива сосема поинаква слика.

Во Струга умираат 12 на секои 100 заболени од ковид-19
Ако се земат во предвид последните податоци од Центрите за јавно здравје на чие подрачје има барем 100 регистрирани случаи на ковид-19, црн рекордер по број на починати пациенти споредено со вкупниот број на заболени е Струга.

Таму, од вкупно 274 регистрирани пациенти со ковид-19 битката со вирусот ја изгубиле 33 лица. Изразено во проценти, леталитетот е 12% или на секои 100 заболени умираат 12.

За разлика од Струга, на подрачјето на Скопје леталитетот е многу понизок и изнесува 4%, бидејќи 139-те починати на подрачјето на Центарот за јавно здравје – Скопје се од вкупно 3 487 регистрирани случаи. Тоа значи дека во Скопје умираат 4 од 100 заболени со ковид-19, што е многу пониско од Струга.
Како што покажува графиконот погоре, после Струга најголем леталитет има во Тетово (7,4%), па Прилеп (7,1%), Гостивар (6,9%), Велес (6,6%), Куманово (5,3%), Дебар (3,4%), Ресен (2,5%), Охрид (2,4%) и Штип (2%).

Зошто во некои подрачја се умира повеќе од ковид-19?
Според последната статистика што ја обезбедивме од Министерството за здравство, од вкупниот број смртни случаи од почеток на епидемијата, речиси 95 отсто починале во болница, а останите починале дома, по пат до болница или на самиот прием.

За да може да се објасни на што се должат овие разлики во смртноста по региони, сите доктори кои ги контактиравме ни одговорија дека ќе бидат потребни детални истражувања и анализи од надлежните институции вклучени во борбата со вирусот. Засега, дел од докторите вината ја гледаат во граѓаните, посочувајќи дека предоцна се јавуваат за помош.

Но, од друга страна многубројни се и критиките од граѓаните дека докторите ги одвраќаат од посета на болници се додека немаат сериозни симптоми на болеста. А и не сите болници имаат еднакви услови и кадар за борба со вирусот, па пациентите со најтешка клиничка слика од целата држава се носат во Скопје.

Струшката болница се бори со вирусот без инфектолог
Дека пациентите бараат лекарска грижа откако состојбата ќе се влоши, смета и првиот човек на струшката болница. Сепак, директорот Мухамед Асани во изјава за „360 Степени“ посочува дека на бројките можат да влијаат повеќе фактори.

„Се уште нема податоци зошто е голем леталитетот, тоа е опширно прашање и не може да се каже конкретно. Прво, знаеме дека Струга беше жариште на ковид-19. Второ, важна е одговорноста на луѓето и колку ги почитуваат мерките за заштита. Многу е важно и кога ќе се јават на лекар, дали побарале здравствена нега на време, колку од нив имале хронични болести… Има многу фактори“,вели Асани.

Директорот потенцира и дека струшката болница се соочува со сериозни предизвици. Болницата нема ниту инфективно одделение ниту инфектолог, па за лекувањето на пациентите со ковид-19 се грижат интернисти.

Сепак, Асани потенцира дека ова не може да се гледа како фактор за високиот леталитет, бидејќи третманот и лекувањето на пациентите се правел по истите протоколи како во цела држава.

„Интерното одделение ни е со полн капацитет ставено во функција за ковид-19. Во тој дел имаме проблем што нема каде да ги носиме пациентите. Охрид не ги примаат а тешките случаи ги носиме во Скопје, иако и таму сега се полнат со пациенти. Тоа е проблем во целата држава. Ние немаме инфективно оделение, а сме барале да ни ангажираат и инфектолог.

Имаме специјализантка што чекаме да се ангажира во тој дел. Дополнително, просторно сме ограничени и затоа баравме од Комисијата за заразни болести да не третираме такви пациенти. Но, поради состојбата и поради тоа што сакаме да го згрижиме секој пациент, ние сме принудени да ги примаме и со најостри мерки за заштита успеавме да немаме болни здравствени работници. Засега, добро се снаоѓаме. Третманот е адекватен. Имаме опрема, обезбедена од наша страна како болница и добро менаџираме, но со тешкотии. Но, мора да работиме. Тешки денови доаѓаат и се чини не се гледа крајот во блиска иднина“,вели Асани.

Пациентите од струшкиот регион на почетокот од пандемијата се испраќаа во болницата во Охрид, но откако и таму се исполниа капацитетите престана и трансферот.

Но за разлика од подрачјето на Струга, во Центарот за јавно здравје – Охрид регистрираат многу пониска стапка на леталитет од само 2,4%.

Директорот на охридската болница вели дека за да се одговори на бранот на заболени мора секоја болница да биде ковид-болница.

Најтешките случаи се носат во Скопје, но ретко кој се враќа
На ист став со директорот на охридската болница се и неговите колеги од Прилеп и Гостивар, подрачја каде леталитетот исто така е повисок.

Превземено од 360

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This