СТРУЖАНИ ИЗЛАЖАНИ И ИЗМАНИПУЛИРАНИ: Ветената општа болница се уште не е проектирана, а за изградба да не зборуваме…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мирче Аџиоски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Струга, одржа прес-конференција на која зборуваше за лагите и манипулациите на Владата предводена од СДСМ.

СДСМ и министерот за здравство ветија дека во Струга ќе се изгради нова општа болница, но како што изјавува Аџиоски, изградбата сѐ уште не е започната. Со оваа дрска лага, власта манипулира со најранливите, пациенти на кои имтреба нега, а не мизерни услови и доктори кои исто така останаа излажани дека ќе добијат поголеми плати и подобри услови за работа.

И не само тоа, вели Аџиоски, туку Владата изјави дека годинава допрва започнуваат со проектирање, а за изградбата веројатно ќе им треба цела вечност.

Ова е толку нечовечки и безобразно, толку ниско и бедно, што навистина е доказ дека станува збор за неспособна влада и неспособен министер кој не знае да менаџира со сопствениот ресор, вели Аџиоски.

Аџиоски додаде дека не е направено ништо ниту за „помалите“ проблеми во болницата, сервисирање на расипаните апарати низ болницата кои со месеци не се поправаат, а пациентите се уште се препраќаат во други болници, во соседните градови или во приватни здравствени установи!

Толку од вашата грижа за секој еден граѓанин на Република Македонија! На јавноста многу добро и се познати вашите „ветувања”, вели Аџиоски.

И за крај, додава тој, искрено се надеваме дека нема крајната цел да ви биде, местото на болницата да го претворите во бизнис центар со станбен комплекс,како што се сомнева струшката јавност!

Затоа, на 12 Април ќе им дојде крајот на овие неправди и безброј бизнис зделки на грбот на Струга и стружани! Доста е веќе од безидејни политичари кои мислат само на сопствениот џеб и на удобните фотелји! Следува обнова со нови луѓе, на кои приоритет ќе им бидат проблемите на граѓаните, следува обнова која на Струга и стружани ќе им донесе подобро утре и подобри услови за живот, завтши Аџиоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This