СТРУЖАНИ НЕ МОЖАТ ДА СПИЈАТ МИРНО: Наместо професионална полиција, и стружани добиваат партиска војска поставена од Оливер Спасовски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И стружани наместо професионална и полиција ангажирана за гарантирање на безбедноста на граѓаните, добива партиска полиција составена од партиски поттрчковци кои по партиска заслуга се поставени на високи функции во полицијата

 

Така барем стои во текстот на ФБ групата „МВР партиски штаб“, на која секојдневно и анонимно се објавуваат злоупотребите кои се случуваат во МВР.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″] И Струга не е имуна на партизацијата во полицијата на Оливер Спасовски, преку неговиот советник за правни прашања – Даме Ложанкоски претседател на ОО на СДСМ Струга и неговите соработници. Како најистакнати „професионалци“ се Борче Клењоски полицаец во ПС Струга – член на СДСМ и редовен агитатор на работното место. Владан Грчески член и активист на СДСМ вработен како полицаец во ПС Струга. Тука е и Ѓоре Дафинчески полицаец и активен член на СДСМ, а како заслуга за неговиот ангажман, распореден е на граничен премин Аеродром Охрид. Следен е Валјон Хоџа, полицаец во ПС Струга, активен член на СДСМ кој секогаш јавно агитира дури и во униформа, унапреден е од полицаец во крим техничар. Неговиот татко е оџа во Струга, за време на воениот конфликт во 2001 г. од неговата фамилија има преставник кој активно учествува во воениот конфликт дури и е повреден во дејствијата, а за награда по завршување на конфликтот Валјон Хоџа добива работа во МВР. Во екипата е и Бобан Ѓорѓиески полицаец во ПС Струга, активиста на СДСМ и љубител на алкохолот. На него му е ветено место после изборите во шестата управа на МВР. Бобан поседува кафеана во Струга во која не се почитува ниту еден закон, а откако дојде „животот“ во Македонија, тој е имун на сите инспекции.
Лидер на ова партиско-полициско здружување е Даме Ложанкоски претседател на ОО на СДСМ Струга, советник за правни прашања на министерот за внатрешни работи, без ден работно искуство, со купена диплома од ФОН на Фијат Цаноски од пред неколку години. Има издржувано затворска казна во Казнено поправна институција од отворен вид „Теферич“ Струга, а од неговиот профил може да се забележат голем број погрдни зборови за сите кои не мислат како него, има ниско ниво на култура и е конфликтна личност, полн со омраза кон сите кои не се верни слуги на СДСМ. Ложанкоски е актуелен советник на СДСМ во Советот на општина Струга и моментално врши силен притисок за назначување на неговиот чичко за в.д. директор на Здраствен Дом Струга. Таткото на Даме, Раде Ложанкоски е поранешен вработен во МВР Струга, кој во 90-тите години дава отказ заради криминогени активности кои му ги откриваат од МВР, а мајка му е вработена во управни служби на МВР Струга. Дотичниот Даме Ложанкоски не оди до Скопје на работа во МВР туку има „надворешна“ канцеларија во ПС Струга и од тука го „советува“ неговиот министер Спасовски, а за да може да стигне секогаш и секаде користи службено возило во текот на целото време, бидејќи партиските обврски несмеат да чекаат … – стои во текстот на ФБ групата „МВР партиски штаб“[/kopa_block_quote]

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This