СТРУМИЦА ДОБИВА НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК: Марјан Бајрактаров, човек со реални и остварливи проекти, наспроти лагите на кланот Заеви!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оралниот хирург Марјан Бајрактаров кој извонредно успешно се снаоѓа и во угостителството, потомок на угледно и почитувано струмичко лекарско семејство, конечно, ако така може да се каже, се кандидираше за прв човек на Општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ. Во разговорот за НетПрес, Бајрактаров ги открива причините поради кои се кандидира за градоначалник, истакнувајќи дека не може да се помири со фактот што неговиот град по дванаесетгодишно владаење на СДСМ сѐ уште се соочува со проблеми од минатите векови.

Кои се мотивите што ја прифативте кандидатурата на Вашата матична партија да влезете во трката за градоначалник на општина Струмица?

– Секогаш имам визија за тоа што го работам. Мојата визија е Општина Струмица да биде убаво и препознатливо место за живеење, со кое ќе се идентификуваат граѓаните. Струмичани заслужуваат подобра, поефикасна и достапна општина за сите. Кандидурата е првиот чекор кон остварување на таквата моја визија. Верувам дека граѓаните на Струмица ме познаваат добро и знаат дека она што ќе го ветам – го остварувам. Затоа што знам дека секогаш може и подобро и повеќе и сум подготвен да се соочам со сите предизвици да го обезбедам тоа.
 

Зошто токму сега и дали сметате дека ова е вистинскиот момент за Ваш поголем ангажман во политиката, посебно ако се знае дека долго време наназад речиси пред секои локални, па и парламентарни избори се споменувате како еден од најсериозните кандидати?

– Да не звучам нескромно, но сметам дека за оној кој поседува квалитет и кредибилитет не постои лош или добар момент. За вистинските луѓе секој момент е вистински. А тоа што во сите претходни изборни циклуси граѓаните ме доживуваа како сериозен кандидат, само ја зголемува мојата верба дека луѓето во мене препознаваат човек кој има капацитет активно да ги застапува нивните интереси.

 

Сметате ли дека сега можете да дадете многу повеќе?

– За секој политичар е потребно време да созрее, да ги процени своите можности, да ги осознае своите слабости и дури тогаш да се појави пред своите граѓани, како зрела и мудра личност за која повеќе зборуваат делата отколку кажаните зборови.

 

Што е тоа што ќе им го понудите на граѓаните од општина Струмица, а е поразлично од вашиот противкандидат, но и тоа што го добија од претходниот градоначалник кој скоро три мандата ја водеше општината?

– Имајќи предвид дека и по дванаестгодинишното владеење на СДСМ со општината, денес сѐ уште зборуваме за задоволување на егзистенцијални животни потреби, како непостоење канализација, проблеми со водовод, неасфалтирани патишта, ниска хигиена во градинките и училиштата, можам да ве уверам дека нема да дозволам проблеми кои припаѓаат на деветнаесетиот век да не бидат решени. Она што можам да го понудам е реални и конкретни проекти со кои ќе ги решаваме проблемите и потребите на секое поголемо и помало населено место, секоја улица од општината, секое домаќинство. Нема да се раководам од мојот или личниот интерес на мал круг луѓе. Ќе ја подржам секоја идеја и секој проект за поефикасна општина, независно од кого потекнува. Искуството од сите претходници сигурно ќе помогне да се избегнат можните грешки, а сите добри пракси ќе се развијат и унапредат.

 

Како жител на оваа општина што е тоа што досега ви недостасуваше и имавте потреба да биде реализирано од локалната власт а Вие би го направиле, се разбира доколку ја добиете поддршката?

– Убава е заложбата Струмица да биде европски град, но европски град никако не значи да ги занемариш потребите на заедницата: не можеш да бидеш горд на плоштад на кој граѓаните се сопнуваат на секоја плочка и завршуваат на хирургија; или да се гордееш со раскопани или неасфалтирани улици; не може да бидеш горд на град во кој секој поголем дожд носи огромни штети на домаќинства или на град во кој чистотата е ставена на последното место; неконтролирано никнуваат сиви блокови, без зеленило и без простор за игра на најмалите. Не можам и нема да дозволам да продолжи неодржливото растење на градот.

Јас ја сакам Струмица и ја гледам Струмица како европски град во перспектива. Но еден европски град мора да има модерен и функционален плоштад, со содржини кои еднакво ќе бидат привлечни и за најмалите, и за вљубените, и за пензионерите, и за туристите. Еден европски град мора да има квалитетна културна, спортска, рекреативна и туристичка понуда. Има уште многу недостатоци кои како струмичанец ги забележувам во скоро сите сегменти од секојдневното живеење и за кои, на моите сограѓани им нудам конкретни решенија, се разбира доколку ја добијам подршката, и истите се интегрирани во програмата која ќе биде презентирана со отпочнување на кампањата.

 

Името на Марјан Бајрактаров не е непознато за струмичани, доаѓате од познато и угледно семејство, но сепак кога некој од потенцијалните гласачи ќе праша кој е Марјан Бајрактаров и зошто да гласам токму за него што ќе добие како одговор?

– Како што и Вие потенцирате во прашањето, потекнувам од угледно и чесно семејство, на кое сум горд. Повозрасните, сигурно се сеќаваат на мојот татко, еден од првите гинеколози, кој ме научи на трудољубивост, чесност, посветеност кон семејството и работата. Денес јас сум семеен човек, докажан во својата професија, која искрено ја сакам и вложувам во неа. Но, бидејќи по природа сум амбициозен и секогаш мислам дека можам повеќе и подобро, успешно работам и во дејност, која нема ништо заедничко со мојата основна професија – оралната хирургија, а тоа е угостителството. Зошто еден орален хирург би бил добар градоначалник? Добар градоначалник може да биде само човек кој ги сака луѓето и е подготвен да им помогне. Од друга страна, успешен градоначалник може да биде само човек кој поседува менаџерски способности со кои правилно ќе ја планира и организира работата. Повеќе од две децении градам успешна приказна од двете дејности и сметам дека граѓаните ќе го препознаат тоа.

 

Ваше мислење, дали овојпат струмичани,  но и жителите од населените места во општината првенствено треба да се одлучат за личност или е поважна патиската определба?

– Сметам дека на локалните избори победува личноста и понудената програма. Локалните избори се специфични, особено во помалите средини, како што е нашата, каде сите се познаваме. Граѓаните треба да ја препознаат желбата за промени и отвореноста за прифаќање на секој кој сака да се придружи во намерата за воведување на позитивни промени за нашиот град.

 

Вие сте успешен орален хирург, кој долги години е во оваа професија, колку сметате дека тоа ќе ви помогне да ја добиете поддршката на 15 октомври и што понатаму доколку победите, како ќе ги усогласите двете работи, ќе имате ли можност и време вашите пациенти, но и за решавање на локалните проблеми или сепак работата во ординацијата ќе биде во мирување?

– Одлуката да се кандидирам за градоначалник ја донесов свесно, на сметка на мојата професионалната определба. Доколку граѓаните ми ја дадат довербата, мој приоритет ќе биде локалната заедница. Решавањето на проблемите кои го отежнуваат нормалниот тек на животот на граѓаните и градење на една похумана заедница која ги одразува еднакво потребите на сите, е основната водилка да се посветам исклучиво и само на таа работа. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот и јас сум цврсто решен да понудам одржливи решенија кои ќе мотивираат, интегрираат и ќе ги поврзат сите чинители.

 

Колку општината предводена со Марјан Бајрактаров ќе има слух и проекти за младите, но и колку ќе биде отворена воопшто за сите граѓани кои ќе сакаат да ги кажат нивните проблеми, а можеби и идеи за подобрување на секојдневието во локалната самоуправа?

– Младите луѓе се столбот на нашето општество. Децата и младите, нашата иднина, ги гледам како индивидуални личности, кои како утрешни граѓани ќе бидат способни да се идентификуваат со градот во кој се пораснати. За да го развијат чувството за припадност, младите мора имаат активна улога во одлучувањето на заедницата. Одговорноста кон заедницата и позитивните примери на заедничко делување, ќе бидат високо вреднувани и ќе се интегрираат во креирањето на најдобри решенија за заедничко растење.

Подеднакво внимание ќе посветам на вистинска поддршка на сите маргинализирани групи и ќе работам на отстранување на сите бариери за нивна вклученост во заедницата.

 

Во изминатите изборни циклуси вашата партија речиси секогаш ја добиваше поддршката од селата, но исто така скоро секогаш имаше негативен резултат на избирачките места во градот Струмица. Очекувате ли промена на ваквата состојба и како планирате да го направите тоа и подеднакво да им ја доближите вашата програма и визија на сите граѓани?

– Селата се покомпактни средини и со помал број жители и затоа секогаш работата во градската средина е потешка, бидејќи кандидатот треба да ја презентира својата програма на поголем број граѓани. Но, во програмата подеднакво се земени во предвид потребите на граѓаните и од руралната и од урбаната средина. Програмата има еднаков пристап кон сите граѓани, па така ќе биде насочено и ретставувањето. Верувам дека луѓето од градот, како и од селото, подеднакво посакуваат модерна, отворена општина, во која целиот инфраструктурен крвоток е целина меѓу двете навидум различни, но комлементарни делови кои ја составуваат целокупната слика.
Каква кампања ќе водите?

– Струмичани ме познаваат како позитивен човек, отворен кон луѓето. Кампањата ќе биде во сопгасност со мојот карактер и мојот дух. Сакам да го вратам животот во општина Струмица. Тоа е возможно само ако се живее секојдневно со граѓаните и меѓу граѓаните. Во центарот на моето внимание ќе бидат локалните проблеми. Знам да го пофалам доброто, но нема да останам слеп или да го премолчам она што можело и требало да се сработи, а не се сработило.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This