СТРУМИЦА ОДАМНА НЕМА ВИДЕНО ТОЛКУ НАРОД НА ЕДНО МЕСТО: ВМРО-ДПМНЕ со масовна поддршка во Струмица, се орат патриотски песни и се веат знамиња!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва, покрај од Струмица се очекува да пристигнат симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ од цела источна Македонија и да се дигне гласот против најавите на Заев за кантонизација и федерализација
%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%bb%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%80%d0%bd%d0%b8_%d0%b8%d0%b7%d0%b1%d0%be%d1%80%d0%b8_2016_%d0%bc%d0%b8%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b3_%d0%b2%d0%bc%d1%80%d0%be_%d0%b4%d0%bf

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Струмица го одржува можеби најважниот митинг во изборната кампања. Карванот вечерва е во Струмица, како центар на четвртата изборна единица.strumica

Таму како носители ќе се соочат лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, како и поранешниот премиер Љубчо Георгиевски. Во оваа изборна единица се очекува да се води најжестоката битка и да се направи клучната разлика во бројот на освоените гласови. Изненадувачки, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се одлучи да се кандидира во оваа изборна единица и директно да се соочи со својот најголем политички конкурент.strumica2

Вечерва, покрај од Струмица се очекува да пристигнат симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ од цела источна Македонија и да се дигне гласот против најавите на Заев за кантонизација и федерализација. Заев веќе најави дека сака да воведе двојазичност во цела Македонија и албански јазик да се учи и во оние делови на земјава, како на пример Струмица или Прилеп, каде што воопшто нема или, пак, има малку Албанци.strumica3

Груевски на вчерашните митинзи нагласи дека е познат методот со кој владее Заев во Струмица, попознат како „евро за државата, евро за Вицето“ и дека тој метод планира да го воведе во цела Македонија ако стане премиер.

Градот е преплавен со летоци со ликот на Заев во кои како неисполнети ветувања има десетина негови проекти меѓу кои и трите индустриски зони за кои ветуваше 3.000 работни места

strumica4

Се веат црвено црни и македонски знамиња, се пеат патриотски песни. Славеничка атмосфера владее во Струмица на големиот митинг на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓани од цела источна Македонија се пристигнати во Струмица каде треба да се даде силна поддршка за нова изборна победа.
%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%bb%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%80%d0%bd%d0%b8_%d0%b8%d0%b7%d0%b1%d0%be%d1%80%d0%b8_2016_%d0%bc%d0%b8%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b3_%d0%b2%d0%bc%d1%80%d0%be_%d0%b4%d0%bf

Оваа изборна единица е најинтересна бидејќи директно ќе се соочат лидерите на власта и на опозицијата Никола Груевски и Зоран Заев. Струмичани се едногласни дека Заев попусто дава нереални ветувања кога тој како градоначалник на Струмица нема исполнето ниту едно свое ветување во овие четири години.
%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%bb%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%80%d0%bd%d0%b8_%d0%b8%d0%b7%d0%b1%d0%be%d1%80%d0%b8_2016_%d0%bc%d0%b8%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b3_%d0%b2%d0%bc%d1%80%d0%be_%d0%b4%d0%bf

Градот е преплавен со летоци со ликот на Заев во кои како неисполнети ветувања има десетина негови проекти меѓу кои и трите индустриски зони за кои ветуваше 3.000 работни места. Затоа Струмичани уверуваат дека Заев не само што нема да биде премиер туку на локалните избори ќе ја изгуби и градоначалничката фотелја.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This