April 19, 2024, 10:51 pm

СТРУМИЧАНИ И ДА СЕ ТРУЈАТ НЕМА ДА ЗНААТ: Ама на Заев баш му е гајле, тој е на чист воздух во Халкидики!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека Струмица нема мерна станица за мерење на загадувањето на воздухот, првиот човек на СДСМ Зоран Заев новогодишните празници ги минува на чист воздух на Халкидики во семејната хациенда во Грција.

zaev-grc640

Зоран Заев новогодишните празници ги минува под грчкото сонце. Заев со семејството најлудата ноќ ја помина во Грција, со што ја прекина долгогодишната традиција на славење на Нова Година со штитениците во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско.

Во Струмица нема мерна станица за мерење на загадувањето на водухот. Граѓаните се жалат дека се гушат, а не знаат со колкава количина загаден воздух се трујат нивните деца. Од друга страна, Заев новогодишните празници го минува на чист воздух на Халкидики.

Ексклузивната хациенда која ја поседуваат Заев е со голем двор од околу 300 метри квадратни. Истата се наоѓа на самата плажа на Халкидики. Како што пишуваа неодамна медиумите, куќа налик на трокатната на Заеви не може да се најде по цена пониска од 300.000 евра.

Кои се штетни последици од загадувањето на воздухот?

Светската здравствена организација утврдила дека 2,4 милиони луѓе годишно умираат од последиците поврзани директно со загадувањето. Тоа се хроничните заболувања, како на пример астмата, емфиземи на белите дробови, оштетувања на срцето и на белите дробови, алергии на дишните органи.

Загадениот воздух влијае на физиолошките функции, како на пример на респираторните и на доводот на кислород во крвта. Особено при поголема физичка активност, стеснети крвни садови и немање доволно кислород во крвта може да дојде до мозочни и срцеви удари, до надразнување на сетилата, повраќање, губење на апетитот, нарушување на сонот.

Суспендираните честички се сочинети од повеќе материи.Главно од ситен прав, чад, несогорени масла, пепел, метали и мрсни материи. Големината на честичките се движи од 0,01 микрони до и над 100 микрони.Главно извори на овие честички се согорувања на масла и на цигари.

Кога ќе се здружат заедно со сулфур диоксид ги оштетуваат белите дробови, а можат да предизвикаат и карцином на желудникот. Оловото од издувните гасови на автомобилите што се наоѓа во честичките е штетно за човековото здравје, особено за децата.

Берилиумот кој доспева во воздухот во мали количества од индустриските извори и течните горива предизвикува лезии во белодробните крила,тешки респираторни проблеми, па и смрт. Ситниот прав познат како ПМ честички 10, се фракција од суспендирани честички со пречник од 10 микрони,се задржуваат во носот. Честичките ПМ 2,5 (2,5 микрони) навлегуваат во бронхиите на белите дробови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This