СТРУМИЧКАТА ЕПАРХИЈА MУ ИЗРЕЧЕ КАЗНА НА ПОП БОРО: Забрана за свештенодејствие на струмичкиот Поп Боро

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СТРУМИЧКА ЕПАРХИЈА:

По повод манипулативното, неодговорно, и срамно за достоинството на еден свештеник однесување, на свештеникот Боро Милчев, кому што и покрај се, му се остави простор да се поправи и покае, но за жал, иако го посакувавме, се досега тоа не се случи туку напротив без благослов продолжува да врши различни свештенодејствија по домовите и деловните објекти во градот Струмица и пошироко, влегува во парохии каде што не е назначен, без благослов и спротивно на волјата на надлежниот архиереј, се дрзна да отпочне градбa на ,,црковен храм’’ во близина на својот имот во с. Смолари каде што има свој приватен бизнис, без никакво одобрување или знаење на митрополитот струмички г. Наум, и за истиот веќе има решение за рушење, бидејќи се е направено на крајно нелегален и криминален начин.

Го известуваме верниот народ на МПЦ-ОА кој живее во Струмичката Православна Епархија, дека на погоренаведениот свештеник му е изречена забрана за свештенодејство се додека не се покае и не се врати во послушание на Црквата и не ја прифати одлуката со која е назначен на парохијата која ги опфаќа селата Дукатино и Радичево, и каде што единствено има благослов да делува како свештеник.

На крајот, наша должност е да ве известиме дека овој човек, иако носи свештеничка облека, не доаѓа во име на Црквата, и не го носи благословот Божји, туку напротив ја разградува Црквата и го соблазнува верниот народ, за срам на Црквата, а на штета на својата сопствена душа и лично спасение.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This