СТУДЕНАТА ВОЈНА ЌЕ ЗАПОЧНЕ ОД МАКЕДОНИЈА: Американскиот командант за Европа предлага Косово да биде „темел“ на операциите против Русија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потребно е засилување на присуството на НАТО на Косово поради спречување на Русија на Балканот, изјавил командантот на американската војска во Европа генерал Кертис Скапароти за време на расправата на Одборот за вооружени сили на американскиот Сенат

tenkovi_nato

 

 

На прашањето на сенаторот Џорди Ернст од Ајова дали се сложува дека е потребно засилено присуство на НАТО на Косово поради ограничување на Русија на Балканот, Скапароти одговорил дека се согласува со тоа.

Скапароти додал и дека: „Не би требало да го намалуваме обемот на нашите сили, а посебно кога се работи за Косовоските безбедносни сили, бидејќи тоа засега е една врста на темел на стабилноста, но таму се потребни многу посилни дипломатски информациони напори на Алијансата“.

vojska_ukrainska

Вашингтон ја зајакнува војската на Украина

САД би требало да ја зајакне украинската војска за спротивставување на формацијата на истокот на земјата, смета командантот на американските сили во Европа генерал Кертис Скапароти. САД засега пружа воена помош на Киев, но официјално само во вид на униформи и опрема. Прашањето за пружање на Киев помош во форма на „смртоносно оружје“, поставено е повеќе пати, но Киев досега такво оружје нема добиено.

„Треба да ја зајакнеме украинската војска колку што можеме, да обезбедиме најдобри прилики за да се борат против проруските сили (во Донбас), кои имаат многу моќно оружје“, рекол Сакпароти на расправата во американскиот Сенат.

Истовремено, генералот не одговорил на директното прашање на сенторите дали е потребно на Украина да и се испорача оружје.

Според неговите зборови, украинската војска на истокот на земјата се бори против оние кои се поддржани од Русија, снабдувајќи ги со оружје.

Москва повеќе пати изјави дека не ги снабдува со оружје и техника востаниците на истокот на Украина, дека не е страна во внатрешниот конфликт и дека е заинтересирана Украина да ја надмине политичката и економската криза.

Русија повеќе пати предупреди на плановите за испорака на оружје во Украина, бидејќи овој чекор би довел до ескалација на судирите во Донбас. Портпаролот на Кремљ Димитриј Песков во повеќе наврати зборуваше дека снабдувањето на Украина со оружје од странство нема да допринесе кон решавање на кризата во Украина и спроведување на Минскиот договор.

crna-gora-nato-amerika

Вклучување на Црна Гора во НАТО клучно за Вашингтон

Вклучувањето на Црна Гора во НАТО е од пресудно значење за САД, рекол командантот на американските трупи во Европа генерал Кертис Скапароти.

„Од пресудна важност е дали тие (Црна Гора) ќе бидат во НАТО. Тие имаат таква желба, го исполнија трасираниот пат“, рекол Скапароти на расправата во американскиот Сенат.

Генералот рекол дека доколку Црна Гора се придружи на НАТО, тоа ќе влијае на други земји, а посебно во Источна Европа, кои „гледаат кон Запад“ и сакаат да бидат партнери на НАТО.

Командантот на вооружените сили на НАТО и САД во Европа прелдожил да се пружи отпор на „руската пропаганда“, како што тоа се првело во текот на Студената војна.

„Русите тоа (пропагандата) ја сметаат како дел на својот спектар на борбени можности. Тоа е нивниот асиметричен пристап“, рекол Скапароти на Одборот за вооружени сили на американскиот сенат.

„Ние во војската имаме центар за информациони операции и тој се корисит за спротивставување на злонамерното влијание во Европа. Но нам, навистина ни е потребен потполн владин пристап, сеопфатна кампања на владата. Мораме да најдеме и да формулираме стратегија на државно ниво. За време на Студената војна ја имавме. Мислам дека сега ја немаме“, истакнал Скапароти.

Според неговите зборови, непоходно е да се „зјакнат и финансираат“ работни групи на меѓуинституционално ниво за „спротивставување на руската пропаганда“.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This