СТУДЕНТИТЕ ИСПЛАШЕНИ: Паника во студентскиот дом „Стив Наумов“ откако непознати лица сакале да влезат во собите каде што спиеле!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потресни сведочења доаѓаат од вториот по големина студентски дом во Скопје. Идните македонски интелектуалци кои треба да бидат столб на ова општество се плашат за своите животи.

На социјалните мрежи беше објавено дека ноќеска во 3 часот по полноќ непознати лица се обиделе да влезат во неколку од собите каде што спиеле студентите.

Од она што може да се забележи од коментарите веднаш по немилиот настан била исконтактирана управничката која им рекла дека нема што да направи во ваква ситуација. Студентите прашуваат дали се грижи некој за нивната безбедност и дали некој ќе одговара за овој терор што им се случува.

Ова не е прв пат студентскиот дом Стив Наумов да се соочува со катастрофални ситуации. Само пред неколку денови во храната беа пронајдени бубачки а претходно исто така студентите се жалеа на лошата и оскудна исхрана.

Иако во предизборниот период СДСМ им ветуваше на студентите нови студентски домови, подобра исхрана и зголемување на стандардот во досегашните 10 месеци откако се на власт ништо од тоа не е направено.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This