March 29, 2024, 10:35 am

СТУДЕНТИ НАПАДНАЛЕ ДЕВОЈКА ПОРАДИ ШАМИЈАТА: Нема врска информацијата, СДСМ-овските портали со обиди за подгревање на тензиите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сдсмовските портали фатени на дело како преку спинувани вести за напад врз девојка од албанска националност подгреваат етнички тензии.

novatv-3-640x458

Порталот НОВА ТВ на Борјан Јовановски вечерва излезе со текст дека девојка била нападната во центарот на Скопје поради тоа што носела шамија на главата и ваквата вест беше раширена токму во моментите кога граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ имаше граѓански собир на кој се спротивстави на штетните одлуки кои се однесуваат за разградување на унитарноста на државата.

Привидот кој сакаат да го предизвикаат сдсмовските медиуми е дека група националисти нападнале Албанка поради нејзината верска припадност, но вистината е сосема друга.

Ваков настан не се случил во текот на одржувањето на самиот граѓански собир, ниту пак е поврзан со него. Таков инцидент се случил неколку дена порано, иако медиумите на СОРОС и СДСМ за ваков настан јавуваат во моментите кога неколку илјади граѓани се собраа поради штетните одлуки на СДСМ.

Имено, инцидентот се случил на 23-ти, а е пријавен е на 24-ти февруари. Пријавата е дека имало потегнување за рака на девојката која кажала дека тоа било поради тоа што наводно носела шамија.

Токму денеска, медиумите на СДСМ решија да ја објават ваквата вест, давајќи призвук на етничка нетрпеливост поттикната од протестите во кои СДСМ се критикува за разградување на државното граѓанско ткиво.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This