March 29, 2024, 10:17 am

Студот и пpосењето ги замени среќата: Диџеј Мац му најде работа на бе3домникот Трајче

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Mакедонскиот диџеј Марјан Петровски-Мац заедно со Александра Банева, му помогнаа на 48 годишниот бе3домник Трајче, да добие работа за да може да се прехрани и добие покрив над глава.

Диџејот Мац го пронашол Трајче како стопира на автопат додека патувал со своето возило. Го засолнил Трајче од студеното време ѝ му ветил дека ќе му помогне.

Диџејот јавно на Фејсбук побара помош од секој кој е во ситуација да направи хумано дело и заедно да му помогнат на Трајче да може да застане на нозе.

„Епа вака дечки. Ова е чичко Трајче. Има 48 години. Чичко Трајче случајно го најдов на улица, стопираше на автопат и го качив бидејќи беше доста ладно. Неговата приказна не е баш убава. Тој живее сам. Нема синови, ќерки и внуци. Претходно живеел со неговата мајка која поч инала. Патува од градче до градче и моли да работи каква било работичка за да може да се прехрани и да има каде да спие. Тој нема каде да спие. Нема алишта, нема ништо. Има само топло срце, кое е жедно за живот. Сега јас ве замолувам да го споделиме постов ѝ да му помогнеме на каков било начин. Се што имате пишете ми или јавете ми се. Тој коминицира со мене“, напишал Марјан на Фејсбук.

Веднаш по објавата на Фејсбук, Мац објави дека се јавиле голем број на луѓе кои се понудиле да помогнат. Најмногу благодарение на Банева, Мац вели дека Трајче веќе пронашол работа, а диџејот упати благодарност до сите кои помогнаа.

„Дечки радосна вест стигна одма. Чичко Трајче и јас ви благодариме на сите вас кои помогнавте и со големо срце, сакам да ви се заблагодарам за понудите. Најдовме работа за чичко Трајче. Александра Банева се погрижи за тоа. Фала за топлото чајче и топлата пастрмајлија од Никола Давидовски. Имате поздрав од чичко Трајче ѝ да продолжите да помагате секогаш кога ќе можете“, напиша Марјан на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This