Стojaноска: Hишто нe фyнкциониpa вp дpжaвaвa, за тоа има еден винoвниk

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утринава на утринска програма на Алфа телевизија гостуваше Дафина Стојаноска, пратеник и заменик координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“. При своето гостување посочи дека поради тенкото мнозинство на СДСМ треба да се менува половина Деловник за да се одржуваат седници онлајн. Во државата поради оваа власт ништо не функционира, ситуацијата е излезена од колосек, виновник за тоа е владата но и Филипче.

„Не е само Парламентот тој кој што не функционира. Ништо не функционира во државава. А, да не кажам дека заради ситуацијата во која што сме дојдени има еден виновник, кој што несериозно се однесува, откако е ставен за министер за здравство, а да не зборувам за февруари оваа година“, појасни Стојаноска.

Стојаноска додаде дека поради Венко Филипче загрозено е здравјето на сите граѓани, не само на пратениците.

„Минатата недела бев на една дебата со една колешка од мнозинството која меѓу другото дали се излета или тоа е она што јас предупредувам дека ќе го злоупотребат велат, па зошто на пример да не Дафина еве утре ќе бидеме во некоја делегација во странство па ние од таму да се вклучуваме онлајн. Значи не е само корона да биде изговор за физичко неприсуство на седница“, истакна Стојаноска.

Стојаноска посочи дека тоа е многу несериозно. Поради желбите на СДСМ и тенкото мнозинство ќе треба половина од Деловникот да се измени, тоа нема логика.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This