March 29, 2024, 10:45 am

Стpaтeгиjaтa зa гpaдeњe oтпopнocт и cпpaвyвaње co хибpидни зakани нa ceдницa нa Влaдa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Република Македонија, денеска, 5.10.2021 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, ќе ја одржи редовната 109-та седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, на дневен ред се повеќе предлози за изменување и дополнување на закони, предложени од Министерството за внатрешни работи, а се однесуваат на Законите за лично име, за лична карта, за патните исправи на државјаните на Република Македонија за пријавување на живеалиште и престојувалиште на граѓаните и други.

На денешната седница, меѓудругото пред министрите ќе се најде и Информацијата за усвојување на Стратегијата за градење отпорност и справување со хибридни закани, со Предлог на стратегија за градење на отпорност и справување со хибридни закани и Акциски план за имплементација на Стратегијата за градење национална отпорност и справување со хибридни закани, изготвена од Министерството за одбрана.

Владата на редовната седница ќе разгледува и извештаи за работењето на повеќе јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост, согласно обврските за редовно доставување до Владата, согласно политиките за отчетност и транспарентност во работењето.

За донесените одлуки и заклучоци од Владината седница, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This