April 23, 2024, 12:37 pm

Стpeлцитe мaкcимaлнo пocвeтeни нa oбвpcкитe, Биковите пpeзaдoвoлни oд copaбoткaтa co кoлeгитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ОВЕН

Работа: Не сте задоволни од соработката со колегите. Тие мислат дека вашите работни идеи се лоши, а вие мислите дека тие не ги разбрале на соодветен начин.

Љубов: Се чувствувате несигурно и неопуштено во врска.

Здравје: Проблеми во пределот на главата.

БИК

Работа: Презадоволни сте од соработката со колегите. Во опуштена атмосфера разменувате и развивате креативни идеи и правите нови планови.

Љубов: Осамени сте и имате желба за стабилна врска.

Здравје: Задоволително здравје.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Обесхрабрени сте и поради лошата работна ситуација. Колку труд и да вложувате, видливи резултати нема.

Љубов: Вљубени сте и пробувате да ја освоите симпатијата. Другата страна има впечаток дека немате сериозни намери.

Здравје: Проблеми со дишните органи.

РАК

Работа: Размислувате за заеднички проект, затоа што имате впечаток дека сами не би можеле да го изведете до крај.

Љубов: Не ви годи самотијата. Ве плаши помислата дека може да останете сами.

Здравје: Задоволни сте од ситуацијата.

ЛАВ

Работа: Не сте во можност да бидете галантни со пари, како што сте навикнале. Се грижите, затоа што финансиите се помали.

Љубов: Комуникацијата со партнерот е со намален интензитет. Имате впечаток дека сте си кажале се.

Здравје: Внимавајте на дишните органи.

ДЕВИЦА

Работа: Не сте воодушевени од новите обврски кои ви се наметнати. Имате впечаток дека и без нив имате премногу работа.

Љубов: Се препуштате на емоциите и се посветувате на партнерот. Опуштени сте и задоволни.

Здравје: Проблеми со срцето.

ВАГА

Работа: Ситуацијата на работа е стабилна. Имате среќа да ја работите работата која ја саката и која ви носи пари и сигурност.

Љубов: Критички сте расположени кон партнерот и сметате дека не ви е потребен.

Здравје: Ако сте под терапија, ви дава добри резултати.

ШКОРПИЈА

Работа: Загрижени сте. Парите доцнат и тоа ве загрижува. Рaботата е во фаза на стагнација и се плашите дека тоа би можело да се оддолжи.

Љубов: Ви годи поддршката од партнерот. Тој ви помага да се чувствувате подобро.

Здравје: Во психолошки минус ст.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Максимално сте посветени на обврските. Нема никакви тешкотии и сите обврски ги завршувате во рок.

Љубов: Наклонети сте кон необврзувачки флерт. Вие и другата страна не сте свесни дека нема да одите подалеку од тоа.

Здравје: Ограничете го внесот на намирници.

ЈАРЕЦ

Работа: Разочарани сте затоа што соработниците во последен момент го откажуваат состанокот за кој долго сте се подговувале.

Љубов: Брачниот партнер ви е во целост посветен и вие возвраќате со иста мера.

Здравје: Внимавајте на грлото.

ВОДОЛИЈА

Работа: Оставате одличен впечаток на партнерите од странство. Очигледно добро се разбирате.

Љубов: Комуникацијата со саканата личност е во прекин, и тоа ви одговора. Немате сила за караници кои ништо не би решиле.

Здравје: Стабилно здравје.

РИБИ

Работа: Соработниците од странство ненадејно ги менуваат плановите и тоа ве „вади од такт“ затоа што ја менува целата концепција.

Љубов: Вљубени сте и му ставате на партнерот до знаење колку ви значи.

Здравје: Проблеми со нервите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This