April 25, 2024, 10:10 pm

Стpyга е 10 дeнa бeз вoдa, извopите се пpaзни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стружани се десет дена без вода. Од „Водовод“ велат мора да прават рестрикции бидејќи изворите се празни.

Во поголемиот дел од градот чешмите течат само по три часа во денот, а во останатите делови притисокот е толку слаб што граѓаните едвај полнат за најосновните потреби. Револтирани се од надлежните кои и покрај поплаките и пандемијата на Ковид-19, не преземаат ништо. Велат, „град на две води да живее без вода е незамисливо“.

Директорот на јавното претпријатие Дашмир Насуфи, вели дека временските прилики се причина стружани да останат без вода.

–Временските услови се причина, изворите немаат капка вода. За среќа следува дождлив период и изворите веќе почнаа да се полнат. До пред два дена правевме рестрикции, преку ден има, но навечер нема вода. Сега очеукваме состојбата да се подобри, вели Насуфи.
Најкритична е состојбата кај домаќинствата од улиците во строгиот центар на градот Вељко Влаховиќ, ЈНА, Маршал Тито и Маркс и Енгелс.

„Во време на пандемија да се остави цел еден град без вода, e неподносливо. Само по три часа наутро пуштаат, не можеме ниту да се искапеме, ниту да се испереме. Кога пуштаат, бидејќи живееме во зграда, имаме вода само до трети спрат, погорните спратови немаат ниту капка. Дури и водата која ја пуштаат е неисправна, често тече жолта вода најверојатно од цевките. Немаме основни услови за живот. Замислете ова секојдневно се случува, а нема никакво известување до граѓаните“, вели стружанка со две деца која секојдневно се мачи да ја одржува хигиената во домот.
Стружани се гневни на надлежните, велат дека е невозможно веќе да се живее во Струга бидејќи скоро секоја година посебно во летниот период се без вода, а оправдувањата секогаш се исти. Се жалат дека им се расипува и покуќнината.

-Се расипаа и бојлери и машини за перење, бидејќи вклучуваме веднаш кога ќе дојде притисок, а во меѓувреме снемува вода, велaт стружани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This