April 24, 2024, 10:58 am

СУБВЕНЦИИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ НЕ СЕ ИСПЛАТЕНИ: Напатениот македонски земјоделец без поддршка од државата неможе да егзистира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жал ми е што министерот Трајан Димковски, довчерашниот премиер Зоран Заев и сите од Владата, наспроти реалната слика на терен, земјоделството го гледаат низ розови очила, рече денеска дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски по посетата на Ново село, Општина Чашка.

 

 

 

 

Трипуновски нагласи дека како дополнителен заменик-министер ќе го одржи своето ветување, да биде постојано меѓу земјоделците и да се бори за подобри права и услови.

Изминатите неколку дена бев во Кочанско, во Ресен, во охридскиот регион, во прилепскиот регион меѓу тутунарите, но, за жал, реалната слика е дека секаде има плач и лелек од земјоделецот, без разлика дали се работи за субвенциите, дали се работи за реална помош сликата е секаде иста. Министерот Трајан Димковски, довчерашниот премиер Зоран Заев и сите од Владата, најверојатно носат розови очила онаму каде што ја претставуваат реалната сликата за земјоделството во едно поинакво светло. Ние од 12 април кога ќе ја формираме новата влада, ветуваме целосна поддршка на овој напатен македонски земјоделец, затоа што тој без поддршка од државата не може да егзистира бидејќи и самите гледате во какви услови постои, изјави Трипуновски.
Со неговиот домаќин Екрем, кој, како што истакна, го поканил да го посети, разговарале за се што го отежнува животот во Ново село.

 

Во разговорот, Екрем ми кажа дека ниту субвенциите кои што му следуваат не му се исплатени, ниту поддршката за млеко не му е исплатена, а ниту пак дополнителната субвенција за органско производство која што ја заслужува се уште не му е исплатена. Меѓутоа најгорливиот проблем кој што го преживеа 2019та година околу откупот на јагнето, каде што помина со една катастрофална цена и онаа реакција која што ја направи министерството во смисла на дополнителна поддршка која што им ја вети од 400-тини денари, денеска сум лично информиран иако беше задоцнета таа мерка која што требаше да се исплати уште минатата година кога беше најпотребна, ден денеска се уште не е реализирана. Поголемиот проблем е тоа што ми го кажа дека ќе имаат потешкотии во пријавувањето на таа мерка бидејќи не можат од прва рака да ги пријават оние јагниња кои што ги предале во откупните центри, истакна дополнителниот заменик-министер.
Одговорајќи на новинарско прашање, Трипуновски рече и дека лично се уверил во лошата инфраструктура. За тоа ја обвини и локалната самоуправа која, според него, не се ангажира барем да го израмни пристапниот пат.

Патувајќи до селото поминавме некои половина час споро возење. Гледам дека има и стари лица на кои сигурно им е потребна медицинска нега и останати потребни кои што реално не можат да си ги удоволат согласно ваквите услови. Тоа е реалната слика, локалната самоуправа ги има занемарено, државата ги има занемарено, едноставно овие луѓе се оставени сами со себе да се снаоѓаат како знаат и умеат. Меѓутоа ние како нова политичка гарнитура која што ќе бидеме идната власт ветуваме дека ова ќе го корегираме и дека ќе бидеме едноставно тие што ќе направат подобри услови за сите. Тоа е нашата обврска затоа што ние сме на тие позиции не за да ги користиме благодетите на државата туку да работиме во интерес на овие граѓани кои што ја хранат Република Македонија па и пошироко надвор од границите, напомена Трипуновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This