April 23, 2024, 11:09 pm

СУБВЕНЦИИТЕ СЕ ОБВРСКА, А НЕ МИЛОСТ: Владата овие пари им ги должи на земјоделците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дополнителниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски преку статус на Фејсбук вели дека субвенциите се обврска, а не милост на министерот за земјоделие и претседателот на СДСМ.

-Исплатата на субвенциите – пари кои што државата им ги должи на земјоделците, не е милостиња на Љупчо или Заев како што тоа сакаат да го прикажат, туку нивна обврска согласно закон.

Исплатата на субвенциите доцни веќе три недели. Наместо на време да почнеа со исплага сега прават гужви по банки, ја злoyпотребуваат полицијата и прават драма, од нешто што требаше да помине како рутинска исплата.

Почитувани замислени величини. Субвенциите мора да ги исплатите, тоа е обврска и не се претcтавувајте како лaжни хуманитарци. Тие земјоделци произведуваат и плаќаат данок за да имате вие пари да фрлaте на тендери и партиски вработувања и најмалку што заслужиле е да им се исплати тоа што е нивно.

Исплатата сега не ве aболицира од одговорност за сите пропусти во изминативе три години. Тутунот оваа, како и во изминативе три години како сте на власт им се откупува под цена, и се врши нереална проценка, вештачки се обезвреднува тутунот на земјоделецот.

Дополнително, оваа исто како и во изминативе три години големи количини на тутун останаа неоткупени.

Тутунарите не се мали деца за да ви поверуваат на лaгите. Попусто се трудите да мaнипулирaте. Тутунарите и земјоделците во целост не се задоволни од вашите политики и чекаат да си заминете, стои во постот на Трипуновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This