Земјодeлците ќе можат да ги добијат субвенциите пред да се формира новата влада, одлучи денеска Уставниот суд на Република Македонија.
Судот донесе времена мерка за запирање на извршувањето на одредбите од Изборниот законик и од Законот за спречување на корупција со кои се забрануваше исплатата на земјоделските субвениции до формирањето на новата Влада, до неговото конечно одлучување.
Сега парите наменети за субвенционирање на земјоделците планирани во 2016 година ќе бидат одблокирани, а Министерството за финансии ќе може да ги исплати парите пред да се формира влада.