СУБВЕНЦИИ САМО СО ПАРТИСКА КНИШКА: Само „одбрани“ земјоделци ќе добијат субвенции!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По изборите, според најавите на Владата на СДС, на земјоделците што нема да имаат поголем приход од претходната година ќе им бидат скратени субвенциите, исткна на синоќешниот митинг во Струга, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,Никола Груевски .

Тој образложи дека не секојпат временските услови им се наклонети на земјоделците.

– Земјоделецот не можеш да го извисиш, не можеш да го оставиш, тоа не е фер, не е коректно. Ако даваш субвенции, давај на сите, ако сакаш да правиш некои други правила, прави ги да бидат логични и да бидат, мудри, потенцираше Груевски.

Според него, може да се постават нови услови, на пример може да добијат субвенции тие кои користат квалитетен семенски материјал, според утврден критериум, или тие што ќе користат сертифицирано ѓубриво или тие што ќе ги користат најдобрите земјоделски практики.

– Не може да се каже, ако годинава не ти оди, јас ќе те дотепам, нема да ти ги дадам субвенциите, рече Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This