СУБХИ ЈАКУПИ БИЛ НАЈДОБРИОТ КАНДИДАТ ЗА СУДИЈА: Бившиот член на ДИК кој си доделуваше бонуси, стана судија во Вишиот управен суд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавноста изненадена по изборот на поранешниот член на Државната изборна комисија, Субхи Јакупи, за судија во Вишиот управен суд. Откако Амбасадорот на САД, Џес Бејли објави афера поврзана со бонусите во ДИК, Јакупи заедно со неколкумина други членови поднесеоа оставки.


Јавноста изненадена по изборот на поранешниот член на Државната изборна комисија, Субхи Јакупи за судија во Вишиот управен суд. Откако Амбасадорот на САД, Џес Бејли објави афера поврзана со бонусите во ДИК, Јакупи заедно со неколкумина други членови поднесеоа оставки.

Првиот човек на Судскиот совет, Жарко Караџовски вели дека тие што биле избрани се вистинските за вршење на функцијата судија. Забелешките дека во Судскиот совет се бираат судии блиски на партии ги оцени како оговарања и шпекулации за кои вели дека ги имало и ќе ги има.

„Очигледно е дека за мнозинството членови на Судскиот совет беше најдобриот кандидат. Немаше единство при гласањето, но го доби потребниот број на гласови и тука нема што да кажам. Ги имамвме во предвид сите тие забелешки, меѓутоа изборот беше таков каков што заврши. Ставот на Судскиот совет е дека тие што се избрани се вистинскиот избор, а за сите сомневања кои се јавуваат во јавноста не можам да одговорам“, рече Жарко Караџовски, претседател на Судски совет.

„Луѓето во Македонија се тие. Во одреден период се наоѓаат на одредена или друга задача при нивното унапредување на функциите и не е исклучено да има луѓе кои некогаш биле на некои политички функции па да бидат избрани. Колку е сега влијанието политичко директно при определбата баш за тој кандидат и дали е тоа клучно останува да се види“, изјави Џемаил Саити, претседател на здружение на судии.

Министерката за правда, Рената Дескоска рече дека слушнала одредени реакции за изборото на одредени судии низ судовите во држава, но оти нема информации кои луѓе биле пријавени, а кои отпаднале при изборот.

„Слушнав кој е избран. Така што јас ниту еднаш по изборот на мојата функција не сум била на седница на Судскиот совет, а ќе видите дека и во наредните измени кои ќе ги правиме во Законот за судски совет ќе ставиме законска одредба во која ќе се забрани повикување и присуство на Министерот за правда на седници на кои се распрва за избор, разрешување и одгововорност на судиите“, рече министерката Дескоска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This