April 19, 2024, 11:24 am

СУГАРЕВСКИ САМ СИ ЗАКЛУЧИ ДЕКА СИТЕ САКАЛЕ ГАОСОВОДОТ ДА ПОМИНУВА НИЗ ВОДНО: И покрај реакциите на граѓаните, еколозите и биолозите, гасоводот продолжува да се гради на Водно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За година и пол ќе заврши изградбата на пругата од Куманово до Бељаковце, односно првата третина. За три до четири месец пак, ќе треба да биде избрана градежната компанија за делницата од Бељаковце до Крива Паланка или за втората фаза.

Иако изградбата на железницата кон Бугарија веќе две години е закочена пореди проблеми со експропријација, министерот за транспорт вели дека оваа пруга која е дел од Коридорот 8 е еден од инфраструктурните приоритети предвидени во Буџетот за следната година.

-За третата делница имаме обезбедени 60 милиони евра грант средства, исто како што имаве исто како и за втората 70 милиони од Европската Унија. Министерството за финансии работи на обезбедување на финансирање. Знаете дека таа е постапка која што ја работи Министерството за финансии и очекуваме во најбрз временски рок комплетно д абиде обезбедено финансирањето бидејќи комплетно е завршена проектната документација- рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Сугарески очекува и забрзани активности и во делот на изградба на гасификацијата. Во најголем дел е завршена експропријацијата и се гради секаде. Според министерот гасоводот на Водно за кој имаше жестоки реакции од екологистите ќе продолжи да се гради бидејќи како што кажа за ова прашање е постигнат национален консензус.

-Гасификацијата е еден од најстратешките објетки и во делот на ефектите за животна средина кои што треба да се направат. Не само што е владино ветување, туку ние сме се определиле генерално државата по ова прашање мислам дека национален консензус има со сите политички партии во делот на гасификацијата- додава министерот Сугарески.

трасата на гасоводот низ Водно гледано од google earth

Трасата на гасоводот низ Водно гледана од google earth. Означена е со црвена линија. Пробиената траса, која ја прати видеово, е од кај т.н. "техничка грешка", срамнетиот дел кој е фатен и сателитски некаде во мај и е на крај од снимкава. Моментално се кај провалијата кон Шишево.

Posted by Go Sakam Vodno / Го Сакам Водно on Thursday, November 22, 2018

Буџетот на Министерството за транспорт и врски следната година тежи 118 милиони евра од кои 104 милиони се за капитални проекти. Приоритет ќе биде изградбата на пругата кон Бугарија и модернизација на железницата од Коридор 10. За гасификацијата се одвоени 25 милиони евра, за субвенции за авиолинии 1,3 милиони евра, а за локални патишта вкупно два милиони евра. За изградба на социјални станови догодина се предвидени пет милиони евра, а со 6,9 милиони евра ќе се покриваат загубите на „Македонски железници“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This