March 28, 2024, 10:58 pm

СУГАРЕСКИ ДА ПРЕСТАНЕ ДА СЕ КИТИ СО ТУЃИ ПЕРЈА: Крајно време е Сугаревски и владата на СДСМ да престанат да се китат со туѓи перја и проекти започнати и завршени во времето на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Крајно време е Горан Сугаревски и владата на СДСМ да престане да се кити со туѓи перја, и проекти започнати и завршени во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Тој наместо средби со градоначалници и пресови на кои промовира проекти на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги засука ракавите и да се фати за работа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Бруто домашниот производ во првиот квартал од 2018 има катастрофален раст од 0.1 проценти, а за 2017 година растот на БДП изнесуваше 0 проценти. Најголема причина за падот на бруто домашниот производ е падот од 37 проценти во градежништвото, а особено падот во нискоградбата, во која спаѓа изградбата на автопати, патишта регионални и локални патишта. Ова е најдобриот показател дека Сугаревски не работи ништо и е еден од клучните виновници за ваквиот поразителен економски резултат. Дополнителен показател за неработењето на Сугаревски е и катастрофалната реализација на капиталните инвестиции кои за првиот квартал за 2018 година изнесуваат очајни 10.9 проценти, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Сугаревски и Заев ветуваа 500 километри автопат, а Заев во повеќе наврати изјави дека во моментот во Македонија се градат 800 километри патна мрежа. Каде се 500 километри автопат кои беа ветени во предизборната програма на СДСМ? Каде се градат 800 километри патишта за кои говори Заев? Бројките покажуваат нешто сосема поинаку, а Зоран Заев повторно лаже. На Македонија и се потребни нови инфраструктурни проекти, и пред се реализација на постојните, а не продавачи на ветер и магла како Горан Сугаревски“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This