СУГАРЕСКИ ЈА МИНИРАШЕ КАТИЦА ЈАНЕВА: Министерот за транспорт и врски откри скандал во СЈО – во случајот „Топлик“ немало злoупотpeба!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актуелниот министер за транспорт и врски Горан Сугарески во допис до државниот правобранител го урнал обвинението на СЈО за случајот „Топлик“ во кој спорна е продажбата на земјиштето на кое е планирана изградбата на т.н. Сончев град од истиот инвеститор кој ги гради и облакодерите во општина Аеродром

Според дописот на Сугарески, неговиот претходник, министерот Миле Јанакиески не предизвикал никаква штета по државниот буџет со што и смислата на обвинтелниот акт губи секаква смисла.

Во Топлик, Јанакиевски и останатите обвинети се гонат за злоупотреба на службена должност и овластувања дело за кое е неопходно да има предизвикана штета.

Според законот Специјалното Јавно обвинителство морало да провери дали има предизвикана штета што наведува дека СЈО и Катица Јанева знаеле дека во Топлик нема штета но сепак обвинение е поднесено и процесот се одвива повеќе од една година.

Според обвинението, осомничените го оштетиле буџетот за 64 милиони денари, или 1,4 милиони евра, сума која е исплатена за затезни камати заради раскинување договор со правното лице „Сан сити“.

Имајќи го предвид членот 264 од Законот за облигациони односи, доверителот има право да бара договорна казна и кога нејзиниот износ ја надминува висината на штетата што ја претпрел, како и кога на претрпел никаква штета, како и членот 266 од Законот за облигациони односи, должникот кој ќе задоцни со исполнувањето на паричната обврска долгува, покрај главнината и казнена камата, а стасаноста на обврската за плаќање на казнена камата се определува согласно со правилата на Законот за облигациони односи што се однесуваат на определувањето на времето на исполнување на обврските при што во конкретниот случај тужбеното барање за надомест а штета е повлечено од страна на тужителот, а со судската спогодба е предвидена само казнена камата. Министерството за транспорт и врски земајќи во предвид дека со ниту еден правосилен акт не е утврдена штета на буџетот на република Македонија, почитувајќи го правото на презумпција на невиност утврдено во член 13 од Уставот на Република Македонија, не истакнува имотно-правно побарување“, се наведува во одговорот од Министерството со потпис на министерот Сугаревски.

 

 

Притоа во одговорот се истакнува дека предметниот договор е спогодбено раскинат со судска спогодба склучена во Државното правобранителство на РМ и купувачот, „сметаме дека во тој момент се заштитени имотните права и интереси на Република Македонија“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This