СУДБИНАТА НА МАКЕДОНИЈА Е ВО ТВОИ РАЦЕ: На 11-ти декември ќе се спротивставиме на сценариото кое се спроведува во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Сега е моментот кога треба да се потрудиме оваа криза на 11-ти декември да ја затвориме и да ја претвориме во една можност. Тоа е денот кога сите заедно ќе се спротивставиме на ова сценарио кое што се спроведува во Македонија. Бидејќи знае народот што се случува и што сака. Знаеш и ти многу добро што се случува во државата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 Никола Груевски од големиот вечерашен митинг во Струмица.

gruevski_glasastrumica

-Но, со изборите на 11-ти декември ќе им покажеме не само на скептиците во државава и оние кои работат на ова сценарио тука, во Македонија, туку ќе видат и соседите, но и народите пошироко дека овде живее горд и достоинствен народ, кој и со оваа генерација ќе го победи сето она што се прави против Македонија. Судбината на Македонија е во твои раце. Ова е историски момент во кој се носи многу важна одлука. Одлука која навидум некому можеби и ќе му се чини не баш едноставна, но во суштина е многу едноставна. Свесен сум дека и ти знаеш што е исправно, слушај си го срцето, знаеш и што и’ се случува на Македонија. Но исто сум свесен и дека разни креирани сценарија нема да можат да ти го поматат фокусот од големата слика, истакна Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This