СУДБИНАТА НА СИРИЈА ЌЕ СЕ РЕШАВА ВО ИЗРАЕЛ: Лавров и Герасимов на состанокот со Нетанјаху

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на денешниот ден премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров како и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов во Ерусалим остварија средба, изјави портпаролката израелскиот премиер Ана Јонатан Леус.

Главната тема на дискусијата е ситуацијата во Сирија, каде што офанзивата силите на Асад стигна до границата со Израел.

“Средбата е во тек во канцеларијата на премиерот во Ерусалим”, рече портпаролката на агенцијата.

Како што објавија медиумите, на состанокот присуствувал началникот на Генералштабот на Израел Гади Ајзенкот.

Руската и израелската страна велат дека посетата на Лавров и Герасимов траела неколку часа и не се планира никаква изјава за медиумите. Според израелскиот премиер, договорот за посета на руската делегација бил постигнат за време на неодамнешниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Претходно, американскиот лидер Доналд Трамп рече дека Русија, САД и Јордан започнаа активен процес на трилатерални преговори за Сирија и безбедноста на Израел. Путин на прес-конференција со Трамп во Хелсинки на 16 јули, изјави дека Русија е заинтересирана да се обезбеди мир на Голанската Висорамнина и Израел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This