СУДБИНАТА НА СЈО ВО РАЦЕТЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА: Дали Власта подготвува нов притисок врз опозициските пратеници – овој пат за судбината на СЈО?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Власта и се брза, опозицијата не попушта од своите принципиелни барања, а судбината на СЈО мора да биде решена час поскоро, бидејќи тоа е еден од клучните услови за добивање на датум за преговори со ЕУ. Дали по двете неуспешни рунди разговори со ВМРО-ДПМНЕ, коалиционите партнери во Владата планираат врбување на пратеници од опозицијата за да се постигне двотретинско мнозинство за новиот Закон за јавно обвинителство, со кој ќе биде одредена и иднината на СЈО?-објави Алфа ТВ.

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов вели дека и натаму му даваат шанса на дијалогот со опозицијата, но дека нивниот став е непроменлив, бидејќи бил во согласност со препораките на ЕУ. На прашањето -што доколку не се постигне договор со ВМРО-ДПМНЕ одговара:

-„Си има собраниска процедура каде што пратениците одлучуваат согласно нивното сопствено убедување. Јас верувам дека сите мои колеги во Собранието како пратеници имаат навистина искрени намери за воспоставувањето на правната држава во Република Северна Македонија да стане пракса. Тоа ние треба да го покажеме“, рече тој.

Ден претходно и вицепремиерот Бујар Османи порача дека се залага за продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, ама истовремено со потрагата по двотретинско мнозинство во законодавниот дом.

– Очигледно дека таа рунда не успее да даде резултати. Сметам дека треба да се работи паралелно во две траектории: и во продолжување во обид да се најде консензус, но и во комуникација со пратениците за да се обезбеди мнозинство во Собранието, рече Османи.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека законот за јавно обвинителство е услов дали ќе се воспостави правна држава и затоа пазарење нема да има. Потсетуваат дека владејачките партии не располагаат со потребното мнозинство и предупредуваат дека доколку и овој закон се донесе со прис или, уцени и непристојни предлози како во случајот со Преспанскиот договор, тоа ќе остави уште една дамка на владеењето на СДСМ.

Од Владата реагираа дека ВМРО-ДПМНЕ само сака да обезбеди амнестија за, како пшто влеат, криминалот на претходната власт, а евентуалното ставање на СЈО под капата на Јавното обвинителство само ќе му ги ослаби капацитетите за бор ба против кр иминалот и корупцијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This