СУДБОНОСНИОТ ЧАСОВНИК НА ДВЕ МИНУТИ ДО КАТАСТРОФА:Крајот на светот поблиску за 30 секунди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Часовникот кој симболично го претставува крајот на светот се помести поблиску до „полноќ“ поради зголемената опасност од нуклеарна војна.

Како што соопшти Рејчел Бронсон, од Билтенот на нуклеарни научници, одлуката за поместување 30 секунди поблиску до крајот на светот е донесена поради непредвидливоста на претседателот на САД, Доналд Трамп, нуклеарните проби на Северна Кореја, тензиите меѓу Кина, Пакистан и Индија.

Часовникот покажува две минути до полноќ, што е најблиско што некогаш бил. Исто толку покажувал и во 1953. година кога бил на две минути до полноќ по тестирањето на хидрогенските бомби на САД.

Часовникот до апокалипската симболично го покажува крајот на светот, а го смислиле група научници од Билтенот на атомски истражувачи во 1947. година кога бил поставен на седум минути до 12.

Низ годините, часовникот се поместувал понапред и поназад, а во најпозитивна позиција бил во 1991. година кога бил на 17 минути до полноќ.

Претходното поместување беше во јануари минатата година, кога научниците го поместија часовникот на 2 и пол минути.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This