Судењето за „Меѓународен сојуз“ одложено за 21 јули

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ се одложува за 21 јули 2020 година, поради барањето на поранешната потпретседателка на Собранието и пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски за изземање на обвинителката Вилма Русковска за понатамошно постапување во овој случај.

Ременски, преку нејзиниот адвокат Владимир Донески, во барањето доставено до Јавното обвинителство на РСМ образложува дека има сомневање во пристрасноста на постапувањето на обвинителката Вилма Русковска.

Кон барањето за иземање на обвинителката Русковска, се приклучи и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13.

Во случајот „Меѓународен сојуз“, освен Фросина Ременски, обвинети се и Јасна Мандиќ, Бојан Јовановски – Боки 13,Миле Јовановски и Христина Блажеска.Обвинетите во овој случај се товарат за кривичните дела „измама” и „перење пари”, а обвинетиот Миле Јовановски, се товари за кривичното дело „неовластено држење оружје”.

Судскиот процес го води судијката Софче Гаврилова -Ефремова.

Според обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски, дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски – Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This