April 23, 2024, 12:17 pm

СУДЕЊЕ КОЕ НЕ СЕ ПАМЕТИ ВО СУДСКАТА ПРАКСА:По цели 12 часа заврши рочиштето за 27 април

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цели 12 часови траеше судското рочиште за случувањата во Собранието на 27-ми април минатата година.

Како сведоци на судењето беа сослушани министерот Дамјан Манчевски и пратениците Фросина Ременски и Павле Богоевски.

Судење какво што не се памети во судската пракса, дури и кога во историјата им се судело на најголеми криминалци и сторители на најгрозоморни акти. Такво судење денес се случува во Кривичниот суд во Скопје за настаните во Собранието од 27-ми април минатата година.

Ова е петто рочиште од почеток на судењето. Претходните судски расправи траеја повеќе од шест часа.

Рочиштето денес започна во 10 часот наутро, а до сега имаа само една пауза во времетраење од еден час и друга од 30 минути.

Цели 10 часа, обвинетите се држат во судот. Оние меѓу нив, кои се донесени од притвор, не добиваат ниту храна, ниту вода. Дел од оние кои се во куќен притвор, треба допрва, после рочиштето да бидат носени дома, во други градови во Македонија. Ова е крајно нехуман третман врз поголем број на лица, па поупатените коментираат дека станува збор за планирано, политички мотивирано, изживување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This