СУДИИТЕ ДА ОДЛУЧУВААТ ТРЕЗВЕНО: Се врши притисок врз судиите со цел да донесат одлука за притворување на раководство на политичка партија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очигледно е дека некој сака да направи голем скандал во македонското судство. Се врши голем притисок врз судиите, со цел бесправно едно цело раководство на политичка партија (ВМРО-ДПМНЕ) и безмалку половина состав на досегашната влада да биде ставено во притвор, а за тоа да нема основи, вели аналитичарот Сотир Костов во изјава за Курир.

-Манијата на Катица Јанева да штанца обвиненија сега прерасна во бесправно лудило по секоја цена, луѓе кои досега немале допир со криминал, не сториле ниту едно кривично дело, немаат досиеја во полиција и во судство, туку така преку ноќ да бидат пикнати во притвор. Срамно, недозволиво и кукавички. Предистражните постапки и истрагите се завршени и вообичаено е во 99% од случаите тогаш да се бара притвор – да не се уништат докази, да не се влијае врз сведоци, делото да не се повтори и секако опасност од бегство. Сите тие периоди се завршени, фактите прибавени, предметите во суд и нема основ обвинетите да бидат притворени. Ако некој сакаше да бега досега ќе избегаше. Ако некој сакаше да уништи докази ќе го стореше тоа. Ако некој сакаше да го повтори делото, можеше тоа да го направи. Немаме информации за такво нешто што значи, не се случило и по сите основи и отпаѓа потребата за изрекување мерка притвор. Тоа го кажува правото, тоа е словото на доказите, аргументите и на фактите, вели Костов кој е поранешен обвинител.

Тој во изјава за Курир посочува и дека очигледно некој се служи со притисоци и закани врз судиите правејќи ПР трикови и спинови во јавноста сакајќи истата да биде дефокусирана од темата промена на името на Република Македонија и со тоа да биде обезличена и без идентитет доколку биде потпишан срамниот договор со Република Бугарија.

-Затоа се прави овој правен циркус, а би рекол и морална шарада која нема врска со правото. Мене ова ми личи на обид македонското судство кое во демократијата најмалку двапати беше реформирано според западно-европските стандарди да биде претворено во средновековна инквизиција која нема да изведува докази и да цени факти туку однапред ќе пресудува и осудува, а тоа е „лов на вештерки“. Ова ме потсетува на дамнешното време од 1945 до 1950 година кога НОБ и државотворниот АСНОМ беа разобличени од страна на црвената револуција и кога четиринаесет членови на Президиумот на АСНОМ беа разрешени и деградирани преку ноќ, беа затворени и никој пат не ја видоа светлината на денот. Тоа е срамното уништување на генерацијата на Методија Андонов-Ченто, Панко Брашнаров, Владимир Положански, Димитар Влахов, Благоја Фотев, Емануел Чучков и останатите. Но да не заборавиме тоа беше темниот комунизам и кога единствената партија КПЈ/КПМ го создаде педесет вековното едноумие. Знаеме дека во 1991 година го напуштивме и денес е време на модерна демократија и плурализам и на независно судство од останатите два вида на власт и мислам дека денешните модерни агитпрол комесари и современите спин доктори од меџународната и медиумската камарила на СДСМ треба да престанат да го вршат овој срамен и безобразен притисок врз судиите, да престанат да ги уценуваат и да престанат да се закануваат по секоја цена да биде изречен притвор во предметите. Верувам во судиите и ги охрабрувам трезвено да одлучуваат и да се водат според доказите, аргументите и според фактите и да не потклекнат на оваа политичко медиумска харанга. Верувам дека ќе преовлада независноста во работењето на судството, завршува аналитичарот Костов.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This