СУДИИТЕ СЕ СООЧУВААТ СО ЗАТВОР: Кој им вети на судиите дека нема да се соочат со затворска казна, ако не го почитуваат законот?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Согласно кривичниот законик, непочитување на правосилна судска одлука е кривично дело.

Скандалозната одлука која денес ја донесе Апелациониот суд, а со која се укина решението на Основниот суд во Скопје со кое беше одлучено нелегално прислушкуваните материјали да не можат да се користат во постапка, е директно кршење на Законот за кривична постапка кој во член 12, став 2 е дециден дека

„Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука.“

Но она што е дополнително важно во врска со целокупната незаконитост на оваа одлука на Апелација е дека за истиот предмет судија на претходна постапка веќе има донесено одлука која е потврдена од Кривичен совет и со која, токму според чл.12 став 2. на ЗКП е потврдено дека незаконски стекнатите материјали не може да се користат во судска постапка.

Согласно кривичниот законик, непочитување на правосилна судска одлука е кривично дело.

Прашањето кое е неминовно да се постави е дали некој им гарантираше на судиите од Апелација дека нема да одат во затвор носејќи ваква незаконска одлука, донесена под очигледен притисок на целата спрега на СДСМ и СЈО, а во функција на класичниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This