СУДИИ РАБОТАТ СПРОТИВНО НА ЗАКОНОТ: Гевгелиската судијка незаконски наредила претрес кај Панчевски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апелација одлучи дека гевгелиската судијка Злата Попова била ненадлежна за претресот, пренесува Алфа. Гевгелиската судијка Злата Попова не била надлежна да потпише наредба за претрес на екс-претседателот на Кривичен суд Владимир Панчевски. Апелација, постапувајќи по барање на судија на претходна постапка до кого Панчевски се жалеше по претресот, донесе решение со кое надлежноста да постапува по овој случај ја добива Основниот суд во Велес.

Со други зборови, ако специјалната обвинителка Катица Јанева, постапела законски, односно се обратела до Апелација за овој суд да одлучи кој треба да ја даде наредбата за претрес, ќе бил одреден велешкиот. Но Јанева амин за налогот доби од гевгелискиот суд, без да се обрати во Апелација, и никогаш не објасни на која основа.

Исто како што речиси еден месец по претресот не објаснува зошто клучот од домот на Панчевски е украден, како што тврдеше тој а се гледа и на камерите од неговиот домашен видео надзор. Јанева тогаш рече дека клучот не бил украден ами само така изгледало, ветувајќи дека ќе излезат со нивно образложение.

-Апсолутно не е одземен клучот. Можеби ви изгледа на камерата како да го одзема, но тоа не е така и тоа мислам дека во еден момент ќе биде објаснето, Катица Јанева, Специјално јавно обвинителство, 9.10.2017

Дали претресот е незаконит, дали клучот е украден – надлежен да разоткрива сега, според апелациското решение, е велешкиот суд.

Ова решение е потврда за незаконитото постапување на гевгелискиот суд, вели Панчевски за Алфа.

-Се потврди незаконитото постапување на гевгелискиот суд и двојните аршини на овој суд при донесување на наредбата за претрес врз мене, рече тој.

Деновите по претресот Панчевски испрати писмо до амбасадорите Жбогар и Бејли а најави и кривична пријава против судијата Злата Попова оти незаконски го ставила парафот за претрес.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This