СУДИРИ ВО РОМАНИЈА: Полицијата се судри со народот кој протестираше во Букурешт!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од 200 луѓе се повредени откако избија судири помеѓу демонстратите и полицијата за време на протестите на илјадници Романци кои живеат во странство, а кои се незадоволни од работата на левичарската влада, соопштија медицинските служби


До судир дојде откако некои од учесниците на протестот се обидоа да го пробијат полицискиот кордон околу владините објекти, пренесува АП.

Повеќе лица се приведени, а полицијата во текот на вечерта во неколку наврати користеше и воден топ.

Како што соопшти итната помош во Букурешт, меѓу повредените има демонстранти но и полицајци, од кои некои се здобиле со повреди на главата, додека други вдишале солзавец.

Романскиот претседател Клаус Јоанис, критичар на Романската влада, соопшти дека „остро ја осудува бруталната интервенција на полицијата за разбивање на нередеите“ кои ги нарече, непропорционален одговор на мали мирни протести.

Романците кои живеат во странство, во петокот започнаа протест против левичарската влада во Букурешт барајќи нејзина оставка и предвремени избори.

Припадниците на романската дијаспора кои дошле во Букурешт од европските држави да присуствуваат на демонстрациите се лути на начинот на кој се управува со Романија.

Околу три милиони Романци живеат во странство. Тие велат дека земјата ја напуштиле поради корупција, мали плати и недостаток на можности, пренесува АП.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This