СУДИЈАТА ПАНЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВИТЕ НА ЗАЕВ: Изјавата на премиерот е несериозна и се граничи со лудост!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изјавата на премиерот е несериозна и се граничи со лудост, вели за Пресинг Тв поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Овој став е одговор на индиректното вперување на прстот кон него од страна на премиерот Зоран Заев при обелоденувањето на сознанијата за прислушување на фиксната телефонија во обвинителството и во судот.

Набавката која се направила во Јавното обвинителство и во Основниот суд Скопје 1 знаеме кој ја раководел тогаш и тие ќе си понесат своја одговорност, бегање од тоа нема. Ако покаже истрагата дека тоа е со нивно знаење, а тие се тие што ги набавуваат, потпишуваат и исплаќаат ваквите централи, секој ќе си понесе одговорност“, рече Заев.

Панчевски, нормално, потврдува дека бил претседател на Судот во периодот од декември 2012 до декември 2016 година и додава дека во судот наследиле централа од 80-тите години, а што и како имало инсталирано на неа, како што вели, само еден Господ знае.

Набавката на нова централа, нормално бара параметри, што ќе можат да се користат со години нанапред. Кој и како ги одредувал тие параметри, јас не знам, зашто не сум ни стручен, ни имам познавања за тоа. Но, верувам дека истрагата може да утврди се, иако лично се сомневам дека воопшто ќе има таква истрага. Зашто, досега видовме и слушнавме многу приказни, што останаа без вистински одговори и резултати, како што беше примерот со АКМИС системот. Еве, нека се проверат и централите и на Владата, и на СЈО, и на ЈО. Претпоставувам дека нема да постои разлика во нивните параметри. Работата е во нешто друго. Целата нова приказна треба да има психолошки ефект и да послужи како спотер за замајување на јавноста и сите да не доведе до ниво на општа параноја. И не случајно. Зашто, сето ова, од една страна, е еден вид притисок за да се влијае врз работата на обвинителството и судството. А, од друга, пак, наводно прислушуваните и снимени разговори ќе треба да се користат по потреба, во некои нови идни предмети и процеси, со што само ќе се вртиме во тој параноичен круг. Да не заборавиме, незаконски прислушуваните разговори веќе се легализираа и таа пракса сега ќе треба да продолжи, по што ќе нема ни збор од владеење на правото и правдата, ни изјави Панчевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This