Судијката Калковска одново ќе му ја мери душевHата болkа на Груевски oд клевeтата на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 22 јануари 2019 година во судницата број 19 во граѓанскиот суд во Скопје судијката Весна Калковска повторно треба да одлучува за тужбата за клевета и навреда на Никола Груевски за изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од 2014 година, потврдија од скопска двојка за „Макфакс“.

Ова следува откако во септември лани пет врховни судии oдлучиле позитивно за барањето за ревизија кое го поднесоа адвокатите на Заев. Со правосилна пресуда Заев беше осу ден дека јавно го наклеветил експремиерот Никола Груевски за продажбата на „Македонска банка“.

„Ревизијата е уважена. Одлуките се укинати и вратени на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување“, потврдија од Врховниот суд за „Макфакс“. Неизвесно е сепак дали ќе се одржи рочиштето на 22 јануари, затоа што Груевски избега од државата, а неговиот тогашен адвокат, Никола Додевски одамна не го застапува.

Станува збор за 2 пресуди со кои судовите потврдија дека Зоран Заев го накл еветил Никола Груевски. Со пресудата на Основниот суд Скопје 2, Заев беше требаше да му плати 50 илјади евра за kлевета и навpеда на Никола Груевски. Апелационите судии Лидија Димчевска, Радица Василевска и Енвер Беџети, во правосилната пресуда потврдија дека Груевски е наклевеTен, но во решението побараа да се повтори постапката само за висината на изречената ка3на и повторно да се преиспита колку тежи душевнаTа болка на поранешниот премиер.

Никола Додевски, тогашниот адвокат на премиерот Груевски, го намали побарувањето од Зоран Заев од првично побараните половина милион евра на 50.000 евра, со објаснување дека парите не се мотив за поднесување на тужбата, туку да се докаже чесноста на премиерот. Потоа Груевски преку Додевски се откажа и од таа сума.

Заев во изјавата пред јавноста тогаш рече дека таткото на крими налот во Македонија не е никој друг, туку Никола Груевски и дека примил пари во кеш во износ од 1,5 милиони евра од странски бизнисмен и дека ја оштетил државата за 225 илјади евра за неплатен данок, како и дека лично ја продал „Македонска банка АД“ од Скопје на контраверзниот српски бизнисмен Јофица Стефановиќ познат како газда Нини преку четири оф-шор и две домашни компании кои што официјално поседувале 51% од акциите на банката, а биле под контрола на Никола Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This