СУДОВИТЕ НЕ РАБОТАТ ПО ЗАКОН, ТУКУ ПО ДИКТАТ НА ЗАЕВ: Со доаѓањето на хунтата на власт правосудните органи не работат согласно закон, туку по диктат на власта!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СЈО и правосудните органи се ставија целосно во функција на хунтата на Зоран Заев и наместо да постапуваат согласно закон тие служат само за политичка пресметка со неистомисленици.

-Апсурдните упади во домовите се класична форма на политички притисок и заплашување на секој кој не ги поддржува деструктивните политики на СДС. Тие имаат за цел кршење на било каков отпор по однос на антидржавните политики кои ги реализира Заев. Активностите на СЈО секогаш служат за создавање димна завеса и дефокус на јавноста од реалните проблеми на граѓаните, со што медиумите под контрола на власта наместо да известуваат за катастрофата со која што се соочува државата и граѓаните, добиваат коска во форма на монтирани политички случаи на СЈО и судството под контрола на хунтата, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од пратијата велат дека со доаѓањето на хунтата на власт правосудните органи не работат согласно закон, туку по диктат на власта. ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека не се почитуваат Уставот, законите и процедурите, а правосудните органи станаа обична алатка за политички прогон.

-На удар на киднапираното судство се само членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и искрени патриоти кој си ја сакаат државата. Сите незаконски постапки во иднина ќе бидат ревидирани, а секој што слепо извршувал политички наредби наместо да го почитува законот ќе биде соодветно санкциониран, се вели во соопштението.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This