СУДОТ Е ПОД ОГРОМНИ ПРИТИСОЦИ ОД СДС: Секојдневна канонада од закани и притисоци врз судот од страна на СДС!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судот под политички притисок од страна на новата власт на СДС донесува одлуки надвор од секоја правна логика, одземајќи им ги патните исправи на неколку функционери на ВМРО-ДПМНЕ без да предочи убедувачка правна аргументација за тоа, истакна Марија Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Судот се наоѓа под организиран политички притисок и канонада од напади од страна на новата власт на СДС, медиумите под нивна контрола и СЈО. Токму затоа истиот овој суд пред само година дена донесе одлука да му го врати пасошот на Зоран Заев кој беше фатен жив како изнудува поткуп од 200.000 евра. Судот трпеше уцени и дозволуваше да биде понижуван од страна на Зоран Заев, кој бегаше од закажаните рочишта заради наводни  средби со странски амбасадори, средби кои по само неколку часа беа демантирани од самите амбасадори. Судот беше притиснат и молчеше и кога Зоран Заев јавно од партиска говорница изјави дека не го признава истиот и нема да се појавува на рочиштата против него, подвлече Јакимовска.

ВМРО-ДПМНЕ, додаде таа, верува дека македонското судство има капацитет да одолее на притисоците и да си го обели образот со донесување на одлуки исклучиво врз основа на позитивните законски норми на Република Македонија.

-Дека судот ги донел одлуките за одземање на патните исправи под притисок се гледа и од образложението на основниот суд кој не наведува ниту една причина за одземањето на истите. Судот и судиите во изминатиов пеирод ја занемарија должноста на секој еден судија, да одолее на притисоците кои врз него се обидува да ги прави одреден центар на моќ, што е должност за еден судија, бидејќи правораздавањето се врши врз основа на Устав и на закон, а не по притисок и сугестии. Сите учесници во политичката хајки против ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека власта не е дадена еднаш за секогаш и секоја незаконска одлука ќе биде ревидирана, а за прекршителите на законот ќе следи одговорност по промената на власта и враќање на правната држава и владеењето на правото во органите на власта, рече Јакимовска од пред Апелациониот суд.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This