Судот на 13 октомври ќе одлучи дали ВМРО-ДПМНЕ ја kлeвeтело и нaвpeдyвало Рускоска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанскиот cyд Скопје на 13 октомври ќе објави дали во спотовите на ВМРО-ДПМНЕ, против oбвинитeлката Вилма Рускоска, имало kлевета или критичка мисла.

Адвокатот на ВМРО-ДПМНЕ, Панче Душковски, пред новинарите истакна дека се надева дека одлуката што ќе биде донесена од Судот, ќе биде во целост согласно праксата на Судот во Стразбур.

Суштината на овој предмет не е дали ВМРО-ДПМНЕ или која било друга политичка партија ќе плати штета по наводна клевета сторена. Суштината на овој предмет е дали ќе имаме критичка мисла и слобода на говор во Република Македонија согласно етички стандарди или ќе имаме фиктивна демократија. Тоа е суштината на овој предмет. Овде говориме за слобода на мисла и слобода на говор – изјави адвокатот Душковски.

Отштетното побарување кое го побарува обвинителката Вилма Рускоска од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, за надомест на нематеријална штета изнесува 615 илјади денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This