СУДОТ НЕ ГИ ИЗДРЖА ПРИТИСОЦИТЕ: Прифаќањето на сценариото на Заев и неговиот „чадор“ посилни од достоинството на судиите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судот подлегна на притисоците на СДС и на нивните поддржувачи. Судот отфрли издржани аргументи на одбраната за укинување на мерките на претпазливост само за да изгледа дека одлуката е на средина, односно да не замери СЈО и СДС за отфрлањето на нивните барања за притвор кои беа чисто политички, изјави денес пред Апелациониот суд Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски вели дека одлуката за одземање на пасошите се вклопува во сценариото на Заев за политичка пресметка со ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката воопшто не е балансирана, туку е на штета за ВМРО-ДПМНЕ и луѓето кои се цел на политички прогон.

-Зоран Заев беше фатен со цврсти докази како изнудува поткуп. Судот наместо да ја спроведе правдата, беше јавно понижуван од страна на Заев. Заев не го признаваше судот и неговите одлуки јавно кажувајќи дека нема на ера да се јавува редовно. Заев наоѓаше милион банални причини само за да ги одложува рочиштата и да не се појавува. Измислуваше десетици средби со амбасадори и соработници на амбасади.

 Ако постоеше правото и правдата немаше суд кој би му го вратил пасошот на Заев за дело како Поткуп од 100.000 евра. Затоа овој суд сега треба да одтовори, по кој основ на ваков човек му беше вратен пасошот?

, вели Ѓорѓиевски.

Тој додава дека СЈО под политичка палка на СДС гони стотина лица од ВМРО-ДПМНЕ. Никој од ВМРО-ДПМНЕ не ја опструира правдата затоа што нема ниту едно сторено кривично дело.

-Двојните аршини во одлуките се евидентни. Зоран Заев за случај за барање поткуп со легално прибавени докази на очиглед на целата јавност фатен во криминал, не појавувајќи се на рочишта е сеуште на слобода, а на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ им се одземаат пасошите.

 Одлуката на судот е само гола политика, изоставајќи ги правните аргументи.
Зоран Заев целиот притисок врз судството го прави за да се спаси себеси за криминалите во кои е заглавен и во исто време да го попречи ВМРО-ДПМНЕ да му застане на патот на неговата деструктрутивна и антидржавна политика, вели Ѓорѓиевски.

Конечно, со политичките притисоци кои ги прави врз судот, Зоран Заев нема да може да избегне од одговорот кој им го должи на граѓаните, а тоа е одговорот на најважното прашање: Kога планира да го смени името на државата?

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This