April 25, 2024, 12:07 am

СУДОТ СЕ ИЗЖИВУВА СО ЈАНЕ ЧЕНТО: Телевизија „Алфа“ за голготата на Јане Ченто и неговото семејство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со вознемир и трепет во гласот денеска мајката на Јане Ченто кој се наоѓа во истражниот затвор во Шутка истакна дека второто приведување на нејзиниот син изгледало како исценирано и ги негираше изјавите дека Јане Ченто за време на домашниот притвор ја напуштил нивната куќа.

Мајчината болка на Василка пред камерите беше огромна. Таа истакна дека најзиниот син е родољуб и дека се надева дека ќе има разрешница во судот и дека се ќе биде праведно, бидејќи семејството повеќе нема сили да го издржува ова што се случува на нивниот син.

Василка смета дека постапките кои досега се водени се неправедни и дека после многу години историјата на семејството Ченто се повторува.

Пред петнаесетина дена на социјалните мрежи се огласи и таткото на Јане Ченто, каде на својот Фејсбук профил објави снимка од безбедностите камери во нивниот дом, според кои по тврдењето на таткото Јане бил присутен во домот кога дошле службените лица на МВР.

“Службените лица на МВР тврдат дека Јане Ченто не е присутен во неговиот дом на ден 30.03.2018г. Од 11ч и 10мин до 11ч и 40мин, но камерите го тврдат спротивното службените лица на МВР пристигнуваат во 11:16:50 заминуваат во 11:19:20 во нивното присуство од 3минути и 30секунди тие констстираат дека Јане Ченто не е присутен во неговиот дом цели 30минути, а на камерите се гледа дека не проверуваат туку само стојат пред влезната врата тоа се гледа и на внатрешната безбедносна камера дека воопшто не пробале да ја отворат вратата. Камерите потврдуваат дека во домот се присутнии Јане Ченто неговата сопруга и неговиот син во 11:33:48 од неговиот дом излегува сопруга со неговиот син подоцна во 11:46:20 излегува и Јане Ченто во неговиот двор, доколку служ. лица на мвр постапеле праволно по законот за проверка на куќен притвор ке утврделе дека Јане Ченто е присутен во неговиот дом”, пишува во својот Фејсбук статус таткото на Јане Ченто.

Инаку Јане Ченто е еден од обвинетите за настаните на 27 април во Собранието на Р.Македонија. Тој беше еднаш приведен и однесен во затворот во Шутка, за потоа скопската апелација на седница да одлучи да донесе одлука за замена на притворот во домашен и одземање на патната исправа. Обвинетиот Јане Ченто е внук на првиот претседател на АСНОМ , Методија Андонов Ченто или познат како првиот прерседател на Македонија, македонски национален борец и деец.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This