April 25, 2024, 10:03 pm

СУДОТ СЕ ОГЛАСИ: Објавено решението за притвор на Сеад Кочан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кривичниот совет ја уважил жалбата на СЈО и на Сеад Кочан му определил притвор од 30 дена. Поради тоа што тој е недостапен, Судот му наложи на МВР да издаде потерница по него.

001(1)

Кривичниот суд го објави решението со кое на бизнисменот Сеад Кочан му се определува притвор од 30 дена. Бизнисменот е осомничен во предметот „Трутс“ на специјалното јавно обвинителство за злоупотреба на постапката за јавни набавки.

Првично Кривичниот суд не го прифати барањето на СЈО да му се определи притвор на Кочан. На ваквата одлука специјалното обвинителство вложи жалба, која Кривичниот совет ја уважил.

„Жалбата изјавена од СЈО од 03.03.2017 година, против решението на судијата на претходна постапка на овој суд се уважува. Решението на судијата на претходна постапка се преиначува и гласи: предлогот за определување мерка притвор против осомничениот С.К.од С. поднесен од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите се уважува“, пишува во решението објавено на веб-страницата на Судот.

sead_kocan-600x400

Сеад Кочан е осомничен за кривично дело злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.

Судот, исто така, му наложило на Министерството за внатрешни работи, да издаде потерница и да го пронајде и уапси осомничениот.

„Се наложува на овластените службени лица од МВР на РМ, СВР Скопје, ОЕКР, Единица за извиди и потраги, Одделение за потраги-Скопје, по пронаоѓање и лишување од слобода на осомничениот С. К., да го спроведат на издржување на мерката притвор во КПУ Затвор Скопје – Скопје, а за истото веднаш да биде известен Основниот суд Скопје 1 Скопје“, стои во решението.

Притворот се однесува на случајот „Труст“ за ископ на јаглен од „Суводол“ во Битола, за потребите на РЕК „Битола“, при што се осомничени управителот на „Трансмет“, Кочан, второосомничен е управителот на „Силекс неметали“ и управителот на „Ваго доо“ – Студеничани кои склучиле договор со ЕЛЕМ.

Кочан воедно е сопственик и на телевизијата „ТВ Нова“. Од оваа телевизија вчера објавија дека притворот е политички монтиран и дека е удар врз бошњачката заедница во земјава.

„СЈО и Судот со ова прават и директен атак врз бошњачката заедница во Македонија чиј претставник и долгогодишен застапник и поборник за нивните права е токму Сеад Кочан, кој е и претседател на Здружението на Бошњаците од Македонија. Бошњаците, меѓу другото, се изјаснија и против платформата на СДСМ и ДУИ која е основа на нивниот коалициски договор, а со кој се фаворизира албанската заедница и се запоставуваат правата на сите останати заедници“, објави вчера телевизијата „ТВ Нова“.

Вчера некои медиуми објавија дека на Кочан му е определен притвор, но од Судот немаше официјална информација. Утрово адвокатот на Кочан, Никола Додевски, рече до него нема стигнато решение за притвор.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This