Судскиот совет заседава за одземање на имунитетот на судијата од Управниот суд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судскиот совет попладнево на итна затворена седница одлучува за имунитетот на судија од Управниот суд, кој е ос омничен за зл оупотреби со предмет за денационализација, како и по барање за одобрување на негов притвор.

Судијата се повикал на правото на судиски имунитет откако Обвинителството за организиран кр иминал и ко рупција побара од судија на претходна постапка да му одреди пр итвор, информираат од Кр ивичниот суд.

-До судија на претходна постапа при Основниот суд Скопје 1 – Скопје од Обвинителството за го нење орг анизиран кр иминал и ко рупција во текот на вчерашниот ден е доставен предлог за определување мерка при твор за едно лице – судија во Управен суд на Р.С.М. заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Зл оупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.5 в.в. со ст.3 и в.в. со ст.1.

Со оглед да се работи за судија кој се повикал на правото на судиски имунитет, до Судскиот совет на Р.С.М., како надлежен орган, е доставено барање за одобрување мерка пр итвор, имајќи го во предвид правото на судиите во вршење на судската функција и уживање имунитет, а согласно член 100 од Уставот на Р.С.М. во врска со амандманот 27 и 29 и член 65 од Законот за судови. Откако Судскиот совет ќе се произнесе по барањето на Кр ивичниот суд , судија на претходна постапка ќе одлучува, а странките и јавноста ќе бидат благовремено известени, се наведува во денешното соопштение од Кр ивичниот суд.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран кр иминал и ко рупција вчера донесе наредба за спроведување на истражна постапка против судијата.

Од Јавното обвинителство информираа дека ос омничениот, во периодот од 10.09.2018 година до 24.01.2019 година, ја зл оупотребил својата службена положба и овластувањe и ги пречекорил границите на своето службено овластување преземајќи дејствија што не смеел да ги преземе, како и непреземајќи дејствија што бил должен да ги преземе, со што сторил кр ивично дело „Зл оупотреба на службена положба и овластување” по член 353 став 5 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомниченото лице, како што е наведено во соопштението, претходно како адвокат преземал дејствија и ги застапувал интересите по барање за денационализација на две лица, на чиј правен претходник му бил определен и исплатен надомест за земјиштето што било предмет на барањето за денационализација. Во меѓувреме, ос омничениот бил избран за судија на Управниот суд. Во септември 2018 година за предметот за денационализација по кој постапувал во својство на адвокат, до Управниот суд била поднесена тужба, а тој ја земал во работа.

Како претседател на совет, осомничениот, учествувал во донесување на пресуда со која спротивно на одредбите од „Законот за води”, „Законот за заштита на Охридското, Дојранското и Преспанското езеро”, „Законот за денационализација” и „Законот за Управните Спорови”, недвижниот имот – градежно неизградено земјиште во Струга, било вратено во приватна сопственост на барателите, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This