СУДСКИ СРАМ НА ВЕКОТ: Слободата на говор не е терористички акт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Третото рочиште од главната расправа одбраната на Богдан Илиевски продолжи со излагање на своите воведни говори. Трет ден по ред со силни аргументи, со најави за несоборливи докази, одбраната го напаѓа бледото обвинение на Основното јавно обвинителство базирано на паушални претпоставки. Буквално секој обвинет со многу аргументи се спротиставува жестоко и темелно на слабите позиции на ОЈО во ова обвинение, кое што многумина го нарекуваат „судски срам на векот“.

Во своето обраќање Илиевски потенцираше дека Обвинителството во воведниот говор за обинението поставило прашања кон организаторите, кои се надевало дека ќе му бидат одговорени во текот на главната расправа.

-Штета што немав прилика да одговорам на никакво прашање од 27-ми април до денот на притворањето 27-ми ноември, меѓутоа во текот на постапката со цврсти убедливи докази ќе ве уверам дека ниту сме имале намера ниту сме презеле било какво дејство опишано со правната квалификација „Терористичко загрозување на уставниот поредок на Македонија“, рече Илиевски.

Тој во продолжение негираше учество во било каков план или акт кој вклучува насилство.
-Ниту сум учествувал, ниту би учествувал во било каков план или акт кој вклучува насилство, бидејќи како човек не го прифаќам насилството и не верувам во насилството како начин за решавање на проблемите. Како легалист по убедување верувам единствено во правото и правните механизми како начин за регулирање на односите меѓу луѓето, продолжи Илиевски.

Тој потенцираше дека во текот на судски процес ќе го докаже дека слободата на говор не е терористички акт.

-Слободата на говор не е терористички акт, туку Уставно начело и основно човекото и демократско право. Истото важи и за слободата на политички став и размислување, исто како и слободата на јавно мирно собирање. На нашите мирни протести поставивме кодекс на однесување  согласно нашите морални и етички убедувања, кодекс кој јавно го објавивме и го ширевме говорејќи за него на собирите. Баравме од учесниците на протестите да се придржуваат до нашите правила според кои говорот на омраза, било какво насилство и провокации, шовинизмот и други агресивни однесувања не се дел од Иницијативата за Заедничка Македонија. Имаше разни провокатори со план за оцрнување на мирните протести, меѓутоа секогаш кога ќе дознаевме за такво нешто се спротиставувавме и ги осудувавме јавно, рече Илиевски.

Тој укажа на приложените докази:

-Од доказите кои се јавно достапни за сите на интернет, а можеа да се видат во директниот пренос и од илјадниците на улиците, веднаш штом дознавме за избирањето на Талат Џафери за Претседател на Собранието, ние повикавме на продолжување на мирните протести како и претходните 59 дена, за момент подоцна и јас и Борис Дамовски од говорница јавно да побараме предвремени парламентарни избори. Ова се гледа на целосните снимки кои не се манипулирани и на нив секој може да ја види целосната вистина, што не е случај со некои видео материјали пуштени по интернет во кои со минијатурни фрагменти и со зла намера се вадат вон контекст нашите протестни повици. Волтер рекол: „Не се согласувам со вашето мислење, меѓутоа до крај ќе го бранам вашето право да го искажете мислењето“. Во истиот дух, ја разбирам должноста  и јас ќе го бранам правото на Јавното обвинителство да го каже своето мислење за немилите настани, иако воопшто не се согласувам со правната квалификација, бидејќи тие ја претпоставуваат, а јас ја знам вистината. Но, до крај ќе се борам и за своето право за да ви докажам дека немам вина, а очекувам по изведувањето докази и обвинителството да ги добие одговорите на сите дилеми и прашања кои ги има, и да го брани моето право, наместо правно да го гони. Насилството секогаш сум го осудувал и го осудувам, верувам во демократските права и многупати јавно сум повикувал овој случај да добие правна разврска. Сам се пријавив во судот на 27-ми ноември. Убеден сум дека на крајот на постапката судот ќе биде убеден дека не сум виновен, заврши Илиевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This