March 29, 2024, 10:29 am

СУДСТВОТО ОТВОРЕНО КАКО ПУПКА: Подготвени документите за ослободување на терористите од „Диво Насеље“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Адвокатот на одбраната во случајот “Диво Насеље”, Артене Адеми Исеини во нејзината изјава за Порталб, вели дека досега изведените докази од страна на судот, или предложени од страна на обвинителството не докажуваат ни приближно дека се работи за “Тероризам” а помалку за “терористичка организација”

 

“Напротив, очевидци категорично тврдат дека полицијата пукала без предупредување, полицијата предизвикала страв, паника и неизвесност меѓу граѓаните. Ќе се докаже дека командант Соколи и другите не се терористи и нивните акции не содржат елементи на тероризам согласно член 394б од криминални и терористички организации од членот 394A од Кривичниот законик “, изјави адвокатот Адеми Исеини за Порталб.

Таа вели дека во конкретниот случај имаме злоупотреба и надминување на полициските надлежности. “Кога велам злоупотреба мислам на наредба за напад.”

Денес продолжи судското сослушување за конкретниот случај, каде што се слушна сведоштвото на жители од населабата Диво Насеље во Куманово. Од друга страна, оштетените од случајот “Диво Насеље”, роднините на полицајци кои загинаа, сведочеа дека се приклучуваат во кривичното гонење и дека ќе бараат надомест на штета.

Инаку, на обвинетите во случајот “Диво Насеље” во Апелациониот суд во Скопје, им се суди за настаните што се случија на 9 и 10 мај 2015 година, во “Диво Насеље” во Куманово.

Според обвинението, 29 лица се обвинети за тероризам и за уривање на уставниот поредок на Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This