СУМИРАНО: Големиот неуспех на Заев и СДСМ во градење на националната инфраструктура

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев за 2019 година ветуваше старт на изградбата на нов Клинички центар, на нов автопат Скопје-Блаце, на нови хидроелектрани Чебрен и Галиште, ама жaлосно констатираме дека излaжа. Не само што ништо не е започнато со споменатите проекти, туку целокупните капитални инвестиции во 2019 година во Македонија се со многу ниска стапка на реализација, велат од Комисијата за финансии на ВМРО – ДПМНЕ.

-Се најавуваше 2019 година како економска година, ама по се ќе испадне пpомашена и пpoпадната година за економијата и македонските граѓани. Зоран Заев сите нас не носи во дупка од која со тeшки маки во иднина ќе треба да се вадиме. Нашите долгови секојдневно се зголемуваат на сметка на бeзобразното трошење на државните функционери, а ние трпиме и секој ден е полош од претходниот.​

Ништо од најавените капитални инвестиции. Ни најавуваа проекти со кои ќе добиеме чиста питка вода, чист воздух за дишење, подобри стандарди и услови за живот, подобро градење и домување, нови модерни бoлници, бeзбедни патишта, нови мостови, железница и сигурен енергетски систем. Сето ова беа лaжги. Потврда се извештаите за реализација на Буџетот на Македонија, а особено во делот на капиталните инвестиции. Процентот на реализација на капиталните инвестиции за сите 11 месеци од 2019 година е 42,9% кога ќе споредиме со првичниот Буџет за 2019 година, или 49% кога ќе споредиме со ребалансот на Буџетот. ​

Важни се јавните (капитални) инвестиции! Многу се важни за економскиот развој и целокупниот напредок на државата. Преку овие инвестиции се гради инфраструктурата на државата. Во овие моменти, Зоран Заев и функционерите на владејачките партии не работат за доброто на државата и не ја градат националната инфраструктура, тие единствено се заинтересирани за доброто на нивните приватни бизниси.​

Секојдневно читаме и слушаме за држави кои имаат економски успех. Единствен начин да се успее е првин да се вложува во инфраструктурата на државата. Постои силна корелација меѓу висината на реализираните јавни инвестиции и висината на бруто-домашниот производ. Јавните инвестиции значат инвестирање во сопствената држава, креираат или обновуваат витална инфраструктура, стимулираат побарувачка на материјали, дополнителни добавувачи или изведувачи и овозможуваат приходи за голема бројка на вработени лица. Приходите на сите инволвирани лица во извршувањето на јавните инвестиции порано или подоцна се трошат и постануваат приходи за други лица и овој круг на економска активност и инфраструктурата како основа за раст на приватниот сектор, заедно го стимулираат економскиот раст.​

Во минатото Македонија бележеше одлични резултати во реализацијата на јавните инвестиции во капитални проекти и инфраструктура. Но, во последните две години, како никогаш претходно реализацијата на јавните инвестиции е на историско најниско ниво. Во првите 11 месеци за 2019 година реализацијата на јавните инвестиции е 11,132 милиони денари или 42.9% од првично планираните средства за цела 2019 година. Тоа се катастрофални резултати. Полоши се од било која година во периодот од 2009 до 2017 година.​

Ваквите реализации и катастрофални потфрлања само ја потврдуваат неработливоста и незнаењето на моменталната влада да испорачаат економски развој и подобар живот за сите граѓани на Македонија., стои во нивната објава на Фејсбук.

Големиот НЕУСПЕХ на Зоран Заев и СДСМ во градење на националната инфраструктураЗоран Заев за 2019 година ветуваше…

Posted by Комисија за финансии на ВМРО – ДПМНЕ on Thursday, December 26, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This