March 28, 2024, 10:59 am

СУПЕРМОДЕРНИ МИГ-29С ПО ЦЕНА НА АВТОМОБИЛ: Унгарците ги продаваат Советските МиГ-ови по цена на луксузен автомобил!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарското Министерство за одбрана ги изнесе на аукција сите советски ловци МиГ-29 што ги поседува, пишува Jane’s.

Авионите се продаваат во еден пакет кој опфаќа вкупно 19 ловци (некои се делумно демонтирани и не можат да летаат), 20 мотори и уште 300 други делови авионска опрема, вклучувајќи и авионски топови.

Почетната цена на пакетот е 2,8 милијарди форинти (околу 10 милиони долари). Покрај тоа, купувачот мора да добие одобрение од руските власти.

Доколку не се сметаат резервните делови, цената на еден авион-ловец во унгарската понуда изнесува околу 300000 долари, што може да се спореди со цената на автомобилите од премиум класата. На пример, „Ролс-Ројс Фантом“ е двојно поскап.

МиГ-29 е советски повеќенаменски суперсоничен ловец од четвртата генерација. Воведен е во експлоатација 1983 година. Унгарија од 1983 година има добиено 28 авиони од овој тип, а 2007-2008 година е направен капитален ремонт на тринаесет вакви летала под контрола на Руската корпорација за производство на авиони „МиГ“. Унгарските пилоти од 2010 година не летаат со авионите МиГ-29.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This